Линкови за пристапност

Мицкоски: ВМРО - ДПМНЕ не ги организираше протестите и насилствата во Собранието


Тој смета дека протестите биле спонтани, а тој што профитирал од насилствата е организатор. Судскиот процес го оцени како политички и монтиран. Премиерот Заев го впери прстот во бегалецот Груевси како мозок на насилствата. Одбраната преку вештаци докажува дека клучниот сведок дал лажен исказ

СКОПЈЕ - Ниту партијата, ниту партиските функционери не ги организираа протестите на „Заедничка Македонија“а подоцна и упадот и насилствата во Собранието што се случија на 27 април 2017 година. Ова е исказот на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска се појави како сведок на судскиот процес против организаторите на „крвавиот четврток“.

„Тоа што го кажав во судница е дека народот тој ден, а не само тој ден, туку и неделите и месеците претходно се самоорганизираше. Бројката варираше од неколку стотини до неколку илјади присутни. На дел од тие простести, кога можев, бев и јас. Протестиравме против погрешните политики во најава кои тогаш беа актуелни во државата и ценам дека на тој начин е демократско право во секоја демократска држава да се изрази револт и протест против определени девијантни однесувања на политички партии. Во случајот то беше СДСМ и сето она кое во тој период СДСМ го најавуваше“, изјави Мицкоски по рочиштето.

Тој потврди дека контактирал со истомисленици и јавни личности околу протестите и учеството во нив, и нагласи дека ВМРО - ДПМНЕ и тогашното раководство не стои зад протестоте и упадот, вклучувајќи го и бегалецот Никола Груевски. Обвини за мотиран процес, хајка на неистомисленици но и дека можеби СДСМ стои зад настаните.

„Ниту Извршниот Комитет, ниту било кој член на ВМРО - ДПМНЕ е дел од организацијата. Ова е самоорганизирање на народот во тој период. Овде е очигледно дека станува збор за монтиран политички процес кој има единствен цел да нанесе штета на ВМРО - ДППМНЕ, процес кој има цел да врши политички терор врз членовите и симпатизарите на ВМРО - ДПМНЕ. Политички процес од кој некој профитираше а некој загуби. Јас ценам дека по 27 април сериозно загуби ВМРО - ДПМНЕ а веднаш по тие настани СДСМ и Зоран Заев направија Влада. Никако тој што загуби од тој процес не може да биде инспиратор, сценарист и оперативно да го спроведе. Јас би се задржил на тоа кој профитираше и кој имаше бенефит од сето тоа . После тој ден ништо не е исто“, рече Мицскоски.

Интересно беше сведочењето на премиерот Зоран Заев на овој судски процес. Тој во судсницата тврдеше дека обвинетите не се организатори туку дека тоа е Никола Груевски. Воедно побара поблага квалификација на делото.

„Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и другите тука. Според мои сознанија, овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски. Ова го кажувам затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело“, сведочеше Заев присетувајќи се на „крвавиот четврток“.

Одбраната изненадена од исказот на Зеав побара обвинението да се повлече а затапникот на обвинението пак, шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Рускоска, кажа дека премиерот зборувал во својство на сведок и не е тој што одлучува за прваната квалификација на делата.

На минатото рочиште пак вештак, ангажиран од одбраната, го презентираше вештачењето на мобилните телефони на Александар Васлиевски - Нинџа, еден од клучните сведоци во овој процес. Василевски тврдеше дека на 27 април околу 18 часот бил во седиштето на ВМРО - ДПМНЕ и видел и чул како се издатаат упатства и наредби за упад во Собранието во кој учествуваше и тој.
Вештакот пак, тврдеше дека според базните станици Василевски бил во седиштето на партијата дури по 22 часот.

На овие наоди реагираше Рускоска која изјави дека, клучниот сведок Василесвки ги имал исклучено мобилните телефони во периодото за кога тврди дека бил во седиштето на партијата.

Во овој судски процес за организација на настаните од 27 април обвинети се поранешниот спикер Трајко Вељаноски, екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристевскии поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Во истрагата беа опфатени и бившиот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот од УБК, Никола Бошковски кои побегнаа од државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG