Линкови за пристапност

Дополнителни 100 милиони дози од вакцината на Фајзер и БиоНТек ќе бидат дистрибуирани во САД


Фајзер и БиоНТек во средата соопшти дека ќе ги снабдат САД со дополнителни 100 милиони дози од вакцината за коронавирус, додека земјата се бори со напливот на инфекции.

Производителите на лекови соопштија дека очекуваат да ја завршат испораката по договорот вреден речиси две милијарди долари до крајот на јули.
Секретарот за здравство Алекс Азар во изјавата рече дека новата пратка на Американците ќе им даде уште поголема увереност дека ќе има доволно за вакцинирање на секој Американец што гќе сака да се вакцинира.
На 11 декември, Администрацијата за храна и лекови на САД ја одобри вакцината на Фајзер и БиоНТек за итна употреба, со што отвори пат за производителите на лекови да ја снабдат владата со првични 100 милиони дози.
Договорот објавен во средата предвидува компаниите да испорачаат најмалку 70 милиони од дополнителните дози до 30 јуни, а останатите 30 милиони дози ќе бидат доставени до 31 јули. Владата исто така може да купи до дополнителни 400 милиони дози.
Вакцината на Фајзер и БиоНТек беше прва од двете одобрени за итна употреба од страна на Администрацијата за храна и лекови. Другата беше развиена од Модерна. Првите пратки на вакцината на Фајзер и БиоНТек низ САД збеа испорачани на 13 декември.
Според Универзитетот Џонс Хопкинс, САД продолжуваат со водството во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19, близу 323,000, и над 18,2 милиони заразени.
Здравствените работници и жителите на домовите за стари лица се меѓу првите вакцинирани. Повеќе од 600.000 луѓе во САД ги добија првите дози во понеделникот, вели американскиот Центар за контрола и превенција на болести.
И за вакцинате на Фајзер и БиоНТек и онаа на Модерна се потребни две дози за секој поединец за да бидат целосно ефикасни.

XS
SM
MD
LG