СКОПЈЕ - На повидок е разлабавување на законските регулативи кои се однесуваат на производството и употребата на канабис за лични потреби и во медицински цели, откако денеска премиерот Зоран Заев најави дека оваа индустрија е еден од приоритетите на Владата за наредната 2021 година.
Нови работни места, приходи од неколку стотици милиони евра во Буџетот како и декриминализација и депенализција на мали количини за лична употреба, измени во Законот за опојни дроги со кои ќе се овозможи извоз на продуктите на домашните продизводители на канабис и да се проширување на листата на медицински состојби каде пациентот ќе може доколку сака да се лечи со продукти од канабис одобрени од здравствените власти се главние поенти во делот од денешното обраќање на премиерот Зоран Заев на темата канабис.
„Точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор – не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност. До јуни 2021 ќе ја отвориме дебатата, а потоа процесот ќе оди во Собранието“, рече премиерот Заев на денешната прес конфернеција во Владата.
Први на ред се законските измени со кои домашните продизводители на медицински канабис ќе може да го извезуваат својот продукт - цветот. Во моментов во државата има 59 лиценцирани производители на медицински канабис.
„Индустријата со канабис е една од најдинамичните индустрии во светот и отвара огромни потенцијали и пазари.Политика на Владата е и понатаму да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис кој во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места. Верувам дека Парламентот е подготвен да ги усвои предложените законски измени со кои ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места. Ако тоа го направиме до крајот на оваа година, следната година очекуваме преку 250 милиони евра приходи од производство на канабис за медицински цели. Тоа ќе стимулира отворање на нови високо платени работни места“,изјави Заев.
Употребата на канабис во медицински цели зема со поголем замав во Северна Македонија. Токму затоа од Владата ќе ја прошитрат листата на болести за кои лекарите ќе може да препишат лек на база на канабис доколју тоа го сака пациентот.
„Во европските и светските пазари имаме стотици исклучително важни лекови кои се решение за здравјето на многу граѓани. Маслата од канабис и другите продукти, влијаат позитивно на многу симптоми на болести како што се мултиплекс склероза, ХИВ, Паркинсонова болест, епилепсија и други малигни заболувања. Во 2021 планираме и да ја прошириме листата на дијагнози за кои е дозволено лечење со медицински канабис“, објасни Заев.
Која е „малата количина за лична употреба“ која би се декирминализирала засега не е познато, исто како и начинот на кој би можела да се набави со оглед на фактот што не беше ништо кажано за евентуално декриминализирање на одгледување во домашни услови за лична потреба.
Од опозициската ВМРО - ДПМНЕ сметаат дека станува збор за дефокусирање на јавноста и блефирање на премиерот со цел да се сокријат поразите во надворешната политика но и на домашен план. Оттаму велат дека дебата за легализација на канабисот е прифатлива во други помирни времиња.
„Наместо одговори за суштинските идентитетски прашања, јазичниот културниот и идентитетскиот континуитет на Македонците и на Македонија, наместо одговори за најголемата лага на премиерот за добиен датум за европска иднина, во што тој и неговата свита го држеа народот, премиерот прибегнува кон јасен дефокус. Фокусот мора да биде насочен кон здравствената безбедност, кон зачувување на европскиот пат со јасно зачуван идентитет, кон земјоделците- да се решат проблемите на тутунарите, на оризопроизводителите, на јаболкарите и сите кои што се најдоа излажани, фокусот мора да биде кон образованието кое што тоне заради немање јасни политики“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО - ДПМНЕ.
И опозициската коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива најави дека нема да поддржи евентуална легализација на канабисот.
„Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, нема да подржи таква идеја за легализација на наркотици и нема да гласи таков закон, бидејќи нашата дилема е дали на Премиерот Заев побитна му е семејната економија или државната економија? Дали ние како општество и како држава сме подготвени да гласаме таков закон, кој би ја легализирала употребата на наркотици од граѓаните?“, соопштија од коалицијата.
Секоја дебата е подобра од тоа да нема дебата смета Влатко Деков од невладината „ХОПС“- опции за здрав живот која е дел од движењето „Операција ослободување“.Тој смета дека не смее да се губи време и дека веднаш мора да се формираат работните групи кои би ги изготвиле законските измени.
„Декриминалзација за лична употреба многу полесно ќе се спроведе заедно со декриминалзација на одгледување за лична употреба. Сето би се регулиурало во работните групи за законски измени. Постојат луѓе во државата кои ја познаваат проблематиката и затоа е потребно работните групи да почнат веднаш. Најавуваната дебата за декриминализација и легализација а ја поздравуваме, но веќе треба да се помине конкретно на одредени чекори и да не се губи време. Легализацијата не се постигнува со промена на едене или два члена во некој закон. Тоа бара длабинска анализа “, вели Деков.
Декирминализацијата и проширувањето на листата на медицински состојби се две од шесте барања кои „Операција ослободување“ веќе ги презентираше во јавноста. Социјални клубови, производство за лична употреба, учество на претстваници на невлаидиниот секторво Агенција за Канабис и отварање Фонд за истражување и лекување на ретките болестии за маргинилизираните групи кој би се финансирал со средства од легланта продаѓба на канабис се останатите барања на движењето.
„Проширувањето на листата на здравствени состојби беше наше барање во измените на Законот од декември минатата година. Ние бараме здравствените состојби за кои е предвиден медицинскиот канабис да бидат изземени од законот, законот не треба да ги дефинира.Тоа може во подзаконските акти за лекови“, објаснува Деков.
Од невладината „ЗНАМ“ (Зелена национална агенда на Македонија) која исто така е дел од „Операција Ослободување“ сметаат дека граѓаните пред се мора да имаат бенефит од законските измени тие треба да бидат во таа насока. Клучно е да се декриминализира и одгледување на канабис за лична употреба а како решение го посочуваат примерот со отварање на т.н. „Социјални клубови“ каде што продажбата и консумацијата на канабис би била строго регулирана.
„Декриминализацијата за лична употреба е працијално решение. Мора да се прецизира од каде може да се купи и на кој начин. Токму затоа императив е да се дозволи и одгледува за лична употреба а ако нема услови да си купи од Социјален клуб каде ќе биде оданочено и регулирано.Социјалниот клуб да може во зависност од бројот на членови да одгледува одредена количина на стебла канабис или пак да се снабдува од веќе лиценцираните производители во државата Мора се да биде законски и да се исполнуваат стандардите“, изјави Огнен Узуновски, претседател на „ЗНАМ“.
Узуновски додава дека мора да се разгледа и опцијата за индустриски коноп т.н. „хемп“ кој нуди безброј можности за малите и средни бизниси а неговото култивирање и преработка треба исто така да биде опфатено со законските измени и да биде наменето пред се за младите.
Од ова граѓанско здружение сметаат дека законските измени мора да предвидуваат олеснувања за пациентите кои се одлучиле да се лекуваат со лекови на база на канабис но и дека канабисот кој содржи ЦБД, односно „медицинската марихуана“ треба да се продава легално како што е во повеќе држави во Европа и светот.
Во здружението „Макканабис“членуваат 40 фирми кои се бават со производствот на канабис за медицински цели. Тие имаат околу 800 вработени а во бизнисите досега се влоѓени десетици милиони евра. Со години работат со загуби само поради тоа што Законот за опојни дгори не дозволува извоз на цвет од канабис.
„Ние бараме само да се дозволи можноста извоз на цвет. Во последните 4 години имаме само трошоци, држиме вработени. Тоа досега можеше да го направи било која влада. Можеше и ВМРО -ДПМНЕ во 2016 година. Во моментот кога ќе се откочи процесот ние ќе почнеме да генерираме средства кои ќе ги вложиме во развој и нови вработувања а значителна сума ќе влегува во Буџетот на државата. Потребите на пазарот во оваа индустрија во моментов се само цвет од канабис. Ние имаме загарантирани купци но сме блокирани. Станува збор за многу едноставна измена и дополнување на законот“, вели Костадин Дуковски, претседател на „Макканабис“.
Во домашната јавноста мислењата се поделени. Дел од граѓаните се за декриминализација на кабанисот за лична и медицинска упогтреба и за контролирано производство и продажба но дел се со дијамегтрално спротивни ставови и сметаат дека тоа не смее да се случи бидејќи претставува сериозен ризик за општеството.
Facebook Forum