Потпретседателот на САД Мајк Пенс беше вакциниран против Ковид-19 во живо, пред телевизиски камери. Неговото вакцинирање доаѓа во време кога анкети покажуваат дека Американците се двоумат за вакцинирањето заради загриженост за безбедноста на вакцината и нејзината ефикасност.
Напливот на заболени од коронавирус ситуацијата во општината Лос Анџелес во Калифорнија ја прави толку сериозна што општинскиот оддел за здравство на Твитер напиша „Секој час, во просек, 2 лица умираат од Ковид-19 во општината на ЛА“.
Американската телевизиска мрежа CBS извести дека има малку слободни болнички кревети во единиците на интензивна нега во Лос Анџелес така што некои болни од коронавирус чекаат до 7 часа во амбулантните возила да се ослободи кревет.
УНИЦЕФ на Велика Британија за прв пат во својата 70-годишна историја дава помош во храна за децата чии семејства се афектирани од пандемијата со коронавирус.
Нешто повеќе од еден милион долари ќе бидат дистрибуирани на 30 организации.