Охридското пристаниште денеска звучеше безвременски со музичките дела на германскиот композитор Лудвиг Ван Бетовен.vНо и сите главни сообраќајници, плоштади и раскрсници, беа озвучени со музиката која ја создавал овој музички гениј, а се во чест на 250 години од неговото раѓање, на 17 декември 1770 година. Идејата за одбележување беше на професорот Зоран Тунтев од Лајонс клубот Лихнидос.vНа истата се приклучија и локални угостители, и вкупно 250 уметници од градот.
„Во Охрид е роден друг гениј,Свети Климент Охридски. Тој е творец на кирилицата и творец на чуда додека бил жив. И по дифолт, тој е еден од чудотвориците на модерна Европа, во последните 2000 години.vТокму затоа охриѓани имаат чест и обврска да спомнуваат други гении. Затоа се дрзнавме во име на Свети Климент, нашиот патрон, да собереме 250 души, сите локални уметници и да го направиме Охрид, да звучи и да изгледа како Виена. Воедно во вакви тешки времиња на неизвесност и страв, на некои апокалиптични сценарија, ние сакаме да испратиме една јасна порака за здравје на сите, мир, подобро утре и подобра иднина и музиката на Лудвиг Ван Бетовен“ вели Тунтев.
... Бетовен да го слушнете со македонски шмекЗоран Тунтев
Снимени се и неколку видеа на кои бетовеновата „Ода на радоста“, ја изведуваат градскиот мешан хор Вокс Лихнидос, охридскиот музички еснаф, а на одбележувањето на овој јубилеј, се приклучи и музичкото училиште.
„Бетовеновата ода, веќе 200 години инспирира радост, особено во тешки времиња. И најсилно звучи и заѕвонува, кога ја потенцира таа желба за триумф над тие потешкотии. Така да не случајно е избрана таа да се изведе во овие за нас тешки времиња“ вели Бурим Хидри, диригент на мешан градски хор Вокс Лихнидос.
„Охридскиот музички еснаф, сите тие трубадури од рестораните се сплотија заедно и ја отсвирија „Ода на Радоста“ во седум осмини. Тоа е ексклузивен момент во целата приказна, прв пат во историјата Бетовен да го слушнете со македонски шмек. Или работната верзија јас ја нареков, кога Бетовен би бил Македонец“ вели Зоран Тунтев, професор и иницијатор.
Волонтери од културолошката иницијатива „5 до 12“ изработија неколку графити со ликот на Бетовен на зградата на основното музичко училиште „Методи Петче.“