Комитетот за инаугурација на новоизбраниот претседател соопшти кои мерки ќе бидат преземени за да се заштити јавното здравје за време на инаугурацијата.
Преку соопштение Комитетот вели дека соработува со
„На 20-ти јануари новоизбраниот претседател Џо Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис ќе положат заклетва пред Конгресот во церемонија која вклучува строги здравствени и безбедносни протоколи, а потоа ќе следи и обраќањето на Бајден. Церемонијата ќе биде екстремно намалена, а парадата која вообичаено следи потоа ќе биде видоизменета“ “ соопшти Комитетот.
Комитетот ги повика Американците да останат дома и оттаму да ги следат активностите поврзани со инаугурацијата.
„Пандемијата продолжува да има значително влијание на јавното здравје низ целата земја. Американците мора да го направат својот дел за да го успорат ширењето ма вирусот – да носат маски, да остануваат дома и да ги ограничат собирите. Бараме Американците од дома да учествуваат во инаугурациските активности за да се заштитат себе си, своите семејства, пријатели и заедници“ изјави главниот медицински советник на Комитетот, д-р Дејвид Кеслер.
Се уште е неизвесно дали претседателот Доналд Трамп ќе присуствува на инаугурацијата. Кога во неделата при гостување на телевизијата Фокс беше запрашан дали ќе присуствува на церемонијата, Трамп кој се уште води неуспешна битка за оспорување на резултатите одговори „не сакам да зборувам за тоа.“
Соединетите Држави продолжуваат да бидат лидери во светот по бројот на заразени и починати од Ковид-19. Според најновите податоци од Универзитетот Џонс Хопкинс досега над 16.5 милиони Американци се инфицирале, а од нив над 301 илјади починале