СКОПЈЕ - „Се наоѓаме пред нов предзивик во битката со пандемијата на Ковид 19. Соочени со изборот да продолжиме со политиките или да влеземе во неодговорно празнување на празниците кои се пред нас Владата одлучи да ги прифати препораките на Комисијата со нов сет на рестриктивни мерки за да се избегне голем беој на заболени од коронавирус во претстојните празници.Имаме јасни препораки до верските заедници, работните организации и општините како и рестораните во хотелите. Целта е да издржиме сите уште малку пред ваквите рестрикции и да не дозволиме заради празнување да има ескалации на бројките на заболени. Почнуваме со кампањата „Празнувај одговорно““, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.
„Овој пат мора да бираме меѓу задоволство и профит од една и одговорност и здравје од друга страна“, рече премиерот.
Сепак механизам кој ќе спречи групирање во станови и викендички за време на прославите и претстојните празници нема, поради неприкосновеностаи интегритетот на домот загарантирани со Устав. Остануваат само апелите на надлежните а огласите за изнајмување и барање на куќи и станови се во уште поголем број .
За претседателот на Комисијата за заразни болести, нема ризик при патувањето од град во град и прославите во туристичките центри и викендици само доколку станува збор за членови на семејството.
„Зборуваме за фамилијарна прослава во коешто едно семејство ќе биде присутно во еден објект.Не можеме да делуваме, кој каде ќе ја прослави Новата година. Патувањата не се лимитирани, прославата на Нова година доколку е одговорна, може да биде било каде во државата. Доколку е одговорно прославувањето и почитувањето на мерките, во домашни услови со луѓе кои ги познавате и луѓе кои и досега ги почитувале мерките за заштита. Целта на овие мерки е да се избегнат групирања на поголем број луѓе бидејќи може да прерасне во кластер“, рече Караџовски.
Министерот за здравство, Венко Филипче, објасни дека целокупната состојба е стабилна но критична и поради тоа се предложени и усвоени новите мерки.
„Славењето може да почека, здравјето не“, рече Филипче.
Болниците и медицинскиот персонал остануваат под континуиран притисок, бојката на слободни кревети е константна и се двиѓи околу 150 во целата држава а минатата недела бројката на хоспитализиранизаболени од Ковид 19 варирала меѓу 1.300 и 1.400 пациенти.
„Вчерашната анализа на „Р нула“ - фактор на преносливост, покажа дека за прв пат по извесно време е 0,95. Сепак сеуште имаме високи бројки на новозавболени и нема опуштање бидејќи ќе доведе до влошување“, нагласи Филипче.
Вакцините се очекува да пристигнат на почетокот на март, а досега се потврдени и платени 833 илјади дози преку Ковакс системот со кои ќе се вакцинираат околу 400 илјади лица. Надлежните прават напори да се обезбеди дополнителен број на вакцини преку преговори со производителите и механизмите на Европската Унија. Грција најави дека ќе ни испрати дел од вакцините кои ќе и бидат доставени.
„Први ќе се вакцинираат лекарите, медицинскиот персонал -сите на кои се на првата линија а потоа хронично болните, ризичните категории и лицата над 65 години. Следните ќе бидат вработените во градинкитекатегориите, старите градинките, потоа сите останати граѓани. Многу анализи сеуште траат и излегуваат нови информации, така и се подготвуваат приоритетните групи за вакцинирање. Можно е да има измена, засега не се препорачува вакцинирање на деца и оние кои прележале и имаат антителан “, објасни Филипче.
Премиерот Заев изјави дека и тој ќе се вакцинира и апелираше до граѓаните да ги игнорираат лажните вести кои се шират а се поврзани со вакцините.
„И јас ќе се вакцинирам, затоа што сакам со свој личен пример да дадам придонес во борбата за сузбивање на пандемијата. Верувам во нејзината безбедност и во тврдењата на научниците дека со неа ќе се подигне нивото на имунитет“, рече Заев.
Според најавите на министерот Филипче, на почетокот на идната година ќе пристигнат специјалните фрижидери во кои е се чуваат вакцините на температура од минус 70 степени целзиусови.
Новиот сет на рестриктивни мерки најмногу ќе ги погоди угостителите па премиерот Заев најави дека се размислува за економски мерки и помош за овој сектор.
„Свесни сме дека нанесува штета, стоиме на располагање да разговараме со угостителите да разговараме на оваа тема. Да ги процениме штетите и соодветно да ги помогнеме“, кажа тој.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска го објави неделниот извештај кој се однесува на периодот од 7 до 13 декември а според кој има намалување од речиси 15 отсто на бројката на новозаболени и нешто над5 отсто помалку смртни случаи.
Минатата недела се регистрирани 5.518 новозаболени од коронавирус во 35 града низ државата од кои 2.296 се во Скопје.
„Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години со 1.503 нови случаи или27,2%. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години - 1.042 нови случаи или 18,9%, кај групата од 50 до 59 години - 1.040 нови случаи или 18,8% и кај возрасната група од 40 до 49 години каде има 1.030 нови случаи или 18,7%“, стои во анализата на ИЈЗ.
Бројките покажуваат дека најголем дел од новите активни случаи се регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Битола и Велес додека највисок морталитетима во Прилеп, Струга, Крушево, Штип и Охрид. Највисок леталитет пак се регистрира во Крушево и Струга
Минатата недела се регистрирани 174 смртни случаи во 29 града низ државата што е намалување од 5,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, најпогодена е возрасната група од лица над 60 години каде има 142 жртви.
Во моментов во Ковид центрите, инфективните одделенија и клиниките во Скопје и внатрешноста на државата се хоспитализирани 1.302 лица од кои 591 се на кислородна поддршка а 25 на респиратор.
Според проценката на ризикот на Светската здравствена организација (СЗО), Северна Македонија останува во фаза 4 односно широко распоространета трансмисија во заедницата.
Facebook Forum