Линкови за пристапност

Американските претседателски електори ја потврдија победата на Џо Бајден


Со гласањето на Изборниот колеџ во понеделникот, електорите формално му дадоа на Џо Бајден повеќе од 270 изборни гласови потребни за потврдување на неговата изборна победа.

Со 55-те изборни гласови во Калифорнија, меѓу последните објавени во понеделникот, Бајден има 302 изборни гласови, далеку над прагот потребен за победа на претседателската функција.

Хаваи се очекува да ги потврди своите четири изборни гласа за Бајден подоцна во понеделник навечер.

Бајден е на политичката сцена во САД речиси половина век, а неговата победа на Изборниот колеџ ќе го направи Трамп, републиканец, петти претседател на САД во 244-годишната историјата на дражавата што ја изгубил кандидатурата за повторен избор по еден мандат во Белата куќа.

Гласањето на Изборниот колеџ е вообичаена рутинска формалност на четиригодишниот календар на претседателските избори во САД. Но, од националното гласање на 3 ноември, Трамп тврдеше дека гласањето во клучните држави што го загуби од Бајден, било лажирано.

Трамп и неговите сојузници изгубија повеќе од 50 судски процеси во државите чие гласање го оспоруваа.

Вообичаено, сите изборни гласови од сојузната држава одат за победникот во таа држава, иако две држави - Небраска и Мејн - ги делат гласовите по конгресни области. Оваа година, Бајден зеде еден дополнителен електор во Небраска, додека го загуби гласот на целата држава, а Трамп го стори истото во Мејн.

Многу од електорите низ САД се официјални претставници на политичките партии или граѓански лидери кои ветиле дека ќе гласаат во нивните држави за Бајден или Трамп. Двајца од демократските електори за Бајден во државата Њујорк беа поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која загуби на претседателските избори во 2016 година од Трамп и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон.

Трамп во неделата на Твитер повторно напиша: „Државите кои пронајдоа голема изборна измама, не можат легално да ги потврдат гласовите како целосни и точни без да извршат сериозно казниво дело“.

Електорите често се среќаваат во зградите на државниот капитол, но со напнатоста во понеделникот, некои гласања на Изборниот колеџ се случуваа на неоткриени локации, а официјалните лица во најмалку две држави обезбедија вооружена заштита за електорите при нивното пристигнување.

Бајден планира да и се обрати на нацијата во понеделник навечер по завршувањето на гласањето.

XS
SM
MD
LG