Линкови за пристапност

Годишнина од нападот на Перл Харбор – церемонијата само онлајн


Преживеаните од нападот на Перл Харбор кој се случил на 7 декември 1941-та оваа година годишнината ќе ја одбележат дома бидејќи собирите се забранети а повеќето големи настани се откажани поради зголемениот број на случаи на корона вирус.

Со години илјадници луѓе – преживеани, активни членови на војската, туристи и локални жители – присуствуваа на церемониите во морнаричката база на Хаваи во чест на убиените во јапонскиот воздушен напад.

Оваа година церемонијата ќе биде затворена за јавноста и ќе биде пренесувана во живо на интернет. Таа вклучува минута молк во 7.55 часот, моментот кога започнал јапонскиот напад, како и прелет на воени авиони.

Лани тројца преживеани во нападот присуствуваа на церемонијата на Хаваи, но оваа година никој од нив нема да биде таму поради загриженоста од пандемијата која е особено смртоносна за повозрасните луѓе.

Морнарот Мики Генич кои има 101 година присуствувал на најголем дел од церемониите, но оваа година ќе остане во неговиот дом во Калифорнија.

„Мора така да биде, сега е такво времето“ изјави тој за АП.

Во нападот чија цел беше уништување на американската пацифичка флота загинаа 2.390 Американци.

Од нив 1.177 беа маринци на воениот брод Аризона кој потона во пристаништето девет минути откако на него падна јапонска бомба.

Бродот се уште се наоѓа на пристаништето, а меморијалот изграден овде секоја година е посетуван од два милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG