Линкови за пристапност

Учење од дома: Американските ученици со драстично влошени оценки


(АП) Оценките оваа година содржат многу повеќе единици што укажува на тешкотиите со кои американските ученици се соочуваат при учењето од далечина.

Во училиштата низ целата земја бројот на ученици кои не добиле преодна оценка е зголемен за два до три пати, најмногу кај оние кои допрва учат Англиски, оние со посебни потреби и оние од сиромашни семејства.

„Ова е многу повеќе од она што е вообичаено и навистина е загрижувачко“ вели Ерик Џесперсен, директор на средно училиште во Орегон во кое 38% од оценките ова полугодие не се преодни, во споредба со вообичаените 8% .

Оние кои се вклучени во образовниот систем сметаат дека за ова има повеќе фактори – учениците кои учат од дома прескокнуваат дел од задачите или целосно ја избегнуваат наставата, пристапот до интернет за многумина е ограничен или неконзистентен со што се отежнува завршувањето и прикачувањето на зададените задачи, а наставниците не ги гледаат директно своите ученици па имаат помалку начини да знаат кој заостанува особено зашто многумина ги држат камерите исклучени за време на предавањата.

Како одговор на ова училиштата ги зголемуваат напорите давајќи приоритет за враќање на традиционална настава за учениците кои имаат најмногу потешкотии, а во одредени случаи и ги менуваат правилниците за оценување или даваат дополнително време за завршување на задачите.

Директорот Џесперсен вели дека имало подобрување на оценките откако вратиле околу 300 ученици во училиштето, поделени во мали групи, за да добијат поддршка од наставниците но морале да запрат со оваа практика откако во регионот дошло до зголемување на бројот на случаи на корона вирус.

XS
SM
MD
LG