Линкови за пристапност

Обединетото Кралство пред почеток на кампањата за вакцинација


94 годишната Кралица Елизабета Втора и нејзиниот 99 годишен сопруг, Принцот Филип, ќе ја примат вакцината.

Вработените во националниот здравствен систем, жителите и вработените во пензионерските домови утре ќе започнат да ја добиваат првата од две дози на вакцината која беше развиена од американските фармацевтски гигант Pfizer и германската BioNTech.

Акцијата започнува речиси една недела откако владината регулаторна агенција одобри итно одобрување за вакцината со што Обединетото Кралство стана првата западна држава која започнува со масовна имунизација. Одобрувањето се случи неколку недели откако Pfizer објави дека вакцината се покажа дека е ефикасна над 90% во поседната, сеопфатна фаза на клинички испитувања.

Обединетото Кралство вчера доби 800 илјади дози од вакцината, прва транша од купените 40 милиони. Дистрибуцијата на вакцините е компликувана бидејќи мора да бидат чувани во супер студени фрижидери на температура под минус 70 Целзиусови степени.

Британските медиуми објавија дека 94 годишната Кралица Елизабета Втора и нејзиниот 99 годишен сопруг Принцот Филип ќе објават кога тие ќе ја примат вакцината во надеж дека ќе ја убедат британската јавност за нејзината безбедност.

XS
SM
MD
LG