Линкови за пристапност

САД додале 245 илјади работни места во ноември


Новододадените245 илјади работни места се најмала цифра од април наваму, и претставуваат уште еден знак дека вработувањето значително забавило за време на новиот наплив на пандемијата со коронавирус во САД.

Одделот за труд во петокот соопшти дека стапката на невработеност во ноември се подобрила на сеуште високите 6,7 проценти во однос на 6,9 проценти во октомври.

Ноемвриското додавање на работни места било далеку помало од 610.000 во октомври и е петти месец по ред на успорување на растежот на работни места во САД.

Петочкиот извештај е одраз на очигледната неволност на работодавците да вработуваат нови луѓе среде најновиот бран на инфекции со коронавирус, што придонесе и за затворање на некои бизниси по втор пат откако почна епидемијата.

Пред кризата со коронавирус ноемвриската добивка на нови работни места ќе се сметаше за солидна, но сеуште има околу 10 милиони помалку работни места во САД споредено со пред пандемијата.

Побрзото вработување на лица кои биле отпуштени за време на рецесијата индуцирана од пандемијата би им помогнало на таквите побрзо да се вратат во на работа, но приближувањето на зимата може да обесхрабри трошење и креирање на работни места, особено во рестораните и други сектори кои почнаа да се потпираат на услуги на отворено.

Конгресот ги обнови напорите за усвојување на друг пакет за помош за милиони кои останале без работа во САД. Ако законодавците не успеат да се договорат наредниве денови, невработените ќе останат без федерална или помош од сојузните држави заради невработеност, започнувајќи веднаш по Божиќ.

XS
SM
MD
LG