Линкови за пристапност

Ден на благодарноста - пораки од Бајден и Трамп


Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се обрати до нацијата по повод Денот на благодарноста. Тој рече дека земјата ќе ја надмине пандемијата и апелираше Американците попосветено да се вклучат во борбата со вирусот.

„Не дозволувајте да се предадете на заморот. Знам дека можеме да го победиме овој вирус. Америка нема да ја изгуби оваа војна“ рече Бајден.

Претходно, претседателот Доналд Трамп ја продолжи долгогодишната традиција на Белата Куќа и помилуваше мисирка по повод Денот на благодарноста.

„За време на овој Ден на благодарноста, ја изразуваме нашата благодарност кон лекарите, сестрите и здравствените работници и научниците кои се борат со овој ‘кинески вирус’ и изразуваме благодарност за вакцините и третманите кои наскоро ќе и стават крај на оваа пандемија“ рече Трамп.

XS
SM
MD
LG