Линкови за пристапност

Речиси 200.000 нови заразени во еден ден - нов црн рекорд во САД


Соединетите Држави вчера го имаа најсмртоносниот ден од корона вирус уште од мај. Во исто време беа потврдени речиси 200 илјади нови случаи што е најмногу од почетокот на пандемијата.

Заклучно со средата хоспитализирани се повеќе од 89 илјади луѓе, уште една рекордна бројка.

Сето ова се случува во период кога постои загриженост дека Денот на благодарноста, кој се прославува денеска, дополнително ќе поттикне зголемување на бројот на заразени.

Властите во многу сојузни држави воведоа рестрикции кои имаат за цел да го забават ширењето на вирусот.

Сепак, Врховниот суд на САД донесе времена мерка со која ја укина одлуката на државата Њујорк да го ограничи бројот на посетители во верските објекти. Со 5 наспроти 4 гласови Судот одлучи во корист на Римокатоличката епархија на Бруклин и на две Еврејски заедници кои поднесоа жалба на одлуката донесена од гувернерот Ендру Куомо.

XS
SM
MD
LG