Линкови за пристапност

CDC размислува за намалување на препорачаното време на самоизолација


Американските Центри за контрола и превенција на болести размислуваат за намалување на препорачаното време за самоизолација за луѓето кои можеби биле изложени на Ковид-19.

Сегашните протоколи предвидуваат изолација од 14 дена, но официјални лица во вторникот рекоа дека периодот може да биде скратен на неодредено време доколку личноста добие негативен тест за време на периодот на изолација.

Американската влада работи на својот план за брза дистрибуција на првата транша на вакцини за корона вирус, доколку добијат одобрување од регулаторот.

Генералот Густав Перна, шеф на операции во владиниот им за вакцини, рече дека 40 милиони дози од два производители би биле достапни до крајот на декември.

Администрацијата за храна и лекови треба да одлучи на 10-ти декември дали ќе даде итно одобрување за вакцината на Pfizer’s, а се очекува наскоро и Moderna да побара одобрување. Двете компании ги објавија прелиминарните резултати кои покажуваат дека нивните вакцини се ефикасни.

Владата минатата недела им кажа на сојузните држави и на териториите колку дози од вакцината ќе бидат одвоени при првичната дистрибуција, а планира да издаде и дополнителни препораки за тоа кој треба да има приоритет за прв да ја добие вакцината. Официјалните лица рекоа дека вакцината можеби ќе биде достапна за сите дури во април.

Земјата е лидер во светот во вкупниот број на потврдени случаи а во изминатиот месец бројот на новоинфицирани нагло се зголеми. Во просек, по повеќе од 170.000 нови случаи се потврдуваат секој ден изминатава недела, а бројот на починати на дневно ниво е околу 1.500. Рекорден број на луѓе во моментов се хоспитализирани поради Ковид-19.

XS
SM
MD
LG