Линкови за пристапност

Загриженост во Италија и Германија поради Божик


Во Германија, официјалните лица разгледуваат како да ги направат Божикните празници побезбедни. Сојузните држави се договорија за предлогот за заострување на ограничувањата неколку недели пред празникот со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, а потоа да се релаксираат правилата и да се дозволат мали собири. Официјалните лица треба да разговараат за планот со канцеларката Ангела Меркел во среда.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја изрази својата загриженост за Божик, велејќи дека луѓето не треба да планираат да одат зимување. Италија беше една од најтешко погодените нации во раните фази на пандемијата и во понеделникот стана шестата земја во светот што надминала 50.000 смртни случаи.

Велика Британија во вторникот објави дека патниците кои доаѓаат од странство може пократок период да бидат во изолација доколку добијат негативен тест за Ковид-19.

Тековните правила бараат 14 дена карантин. Почнувајќи од 15-ти декември, патниците ќе имаат можност да платат за тест по пет дена, а доколку тестот е негативен, тие ќе можат слободно да ја прекинат својата самоизолација.

XS
SM
MD
LG