Оваа недела постои загриженост во Соединетите Држави, бидејќи земјата го слави празникот на Денот на благодарноста.
Центрите за контрола и превенција на болести ги повикаа луѓето да не патуваат и да не одржуваат големи семејни собири во услови на наплив на инфекции со Ковид-19 низ целата земја.
Повеќе од 59 милиони луѓе ширум светот се заразени со корона вирус, според статистичките податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Соединетите држави остануваат на прво место со повеќе од 12.4 милиони случаи, следат Индија со над 9.1 милиони инфекции и Бразил со 6 милиони.
Вирусот уби околу 1.4 милиони луѓе. Повеќе од 257.000 од смртните случаи се во САД.