Линкови за пристапност

Какви ресурси ќе добие Бајден за процесот на транзиција?


Американската администрација за генерални услуги одреди дека на новоизбраниот претседател Џо Бајден му се достапни одредени ресурси кои се дел од закон донесен во 1964-та година со кој се утврдува транзицијата на извршната власт во Соединетите Држави.

Од сега па до неговата инаугурација на 20-ти јануари Бајден ќе ја составува својата администрација, ќе одбира персонал кој ќе ги спроведува неговите визии за политиките кога ќе започне неговиот мандат. Со тоа ќе може веднаш по стапувањето на функција да почне да се справува и со аспектите поврзани со националната безбедност.

Транзицискиот тим доби пристап до владин интернет домејн и електронска пошта и го лансираше веб сајтот buildbackbetter.gov.

Бајден ќе добива информации во врска со класифицирани закани за националната безбедност, тајни воени операции и евентуално одлуки на администрацијата на Доналд Трамп кои би имале влијание на воените сили.

Членовите на транзицискиот тим и луѓе кои се избрани за позициите поврзани со националната безбедност може да почнат да добиваат безбедносни сертификати кои ќе им бидат потребни за да ги извршуваат нивните задачи. Главните функционери исто така ќе може да учествуваат на ориентациски сесии за да се запознаат со работењето и практиките на владините агенции.

Администрацијата на Трамп ќе спроведе вежби за подготвеност со персоналот на Бајден.

Првите луѓе на владините агенции можат да започнат да соработуваат со претставниците на транзициските тимови за да се осигура лесно примопредавање и непрекинато извршување на владините операции,

Ова вклучува и активности како комуникација со здравствените експерти за плановите за дистрибуција на вакцините за корона вирус.

Тимот на Бајден може да користи до 6.3 милиони долари федерално финансирање за транзициските активности. Исто така добива пристап до федерални канцеларии вклучително и на места каде Бајден може да добива чувствителни разузнавачки информации.

XS
SM
MD
LG