Линкови за пристапност

Во САД за една недела 742 илјади нови невработени


Барањата за бенефиции при невработеност се зголемија минатата недела, објави американското Министерство за труд во четвртокот. Ова доаѓа во време на нагло зголемување на бројот на случаи на корона вирус што претставува нова закана за најголемата светска економија.

Вкупно 742.000 луѓе поднеле нови барања за надомест на невработеност, што е за 31.000 повеќе од ревидираната бројка од претходната недела. Ова е петта недела по ред како бројот е под 800.000, но се уште е далеку над највисоката пред пандемиска бројка забележана во 1960-тите.

Вкупно 6.4 милиони луѓе се невработени, а во првата недела од октомври стапката на невработеност била 4.3%, соопшти Министерството за труд.

Стапката на невработеност е значително подобрена од почетокот на пандемијата, во април достигна 14.7%.

Околу една третина од невработените се без работа веќе 27 недели или повеќе.

Но, со наглото зголемување на бројот на нови случаи на корона вирус кои надминуваат и 170.000 на ден, гувернерите и општинските власти воведуваат нови ограничувања на деловната активност кои може да навестат отпуштање на нови работници во во следните недели бидејќи продавниците го намалуваат работното време, рестораните затвораат, а центрите за забава и уметност ги откажуваат перформансите.

Од друга страна Одделот за трговија пред три недели објави дека американската економија се зголемила за 7.4% од јули до септември.

Сепак, аналитичарите сметаат дека економскиот раст ќе успори во последните три месеци од годината, особено ако ограничувањата на деловните активности се значително се зголемат.

XS
SM
MD
LG