СКОПЈЕ - „Не треба да кажуваме – сите знаеме дека состојбата со коронавирусот кај нас е исклучително сериозна.Во таа смисла, после исцрпна дискусија во која учествуваа сите присутни членови на Советот донесовме заклучок, Советот за безбедност да и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија во траење од 30 денови“, соопшти претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност во „Вила Водно“.
Според процедурата Управувачкиот Комитет да и предложи на Владата да донесе одлука за 30 дневна кризна состојба како и законско решение кое ќе им овозможи на надлежните ангажирање и вклучување на Армијата, соработка со полицијата, вклученост на општините како и преземање на управувањето со приватните здравствени капацитети.
„Ќе ги дадам наредбите за стратување на Управувачкиот Комитет кој треба во најбрз рок да предложи до Владата прогласување на кризна состојба. Најдоцна утре вечер ќе одржиме седница на Владата и ако се подготвени сите институции во делот на формално правниот аспектние сме подготвени вечерва тоа да го направуве. Убеден сум дека најдоцна утревеќе ќе прогласиме 30 дневна кризна состојба“, рече премиерот Зоран Заев.
Полициски час или карантин засега нема да има.
„Не се исклучува можноста за полициски час, но во моментот тоа не се разгледува. Тоа е во надлежност на Комисијата за заразни болести. Моја должност е да ги информирам граѓаните дека кризната состојба нема никаква врска со полициски час. Остануваат на сила сите досегашни препораки“, објасни премиерот Заев.
Она што е клучно во моментов е ризикот од недостиг на кревети во болниците како и исцпреноста на медиционскиот персонал. Токму затоа со проигласувањето на кризната состојба се отвара можноста државата да ги користи и менаџира ресурсите и капацитетите на приватното задравство. Претседателот Пендаровски објасни дека тоане значи национализација на приватните болници, туку дека тие привремено ќе бидат управувани од страна на државата и за сите услуги ќе им биде исплатено 30 отсто од пазарната вредност.
„За сите услуги кои ќе ги даваат приватните здравствени установи ако се прогласи кризна состојба ќе има обесштетување односно ќе се компензира таа приватна здравствена установа. Значи не се работи за национализација. Државата ќе се јави евентуално во улога на менаџер во овие 30 дена за секоја услуга. Законот вели не повеќе од 30 проценти од пазарната вредност на услугата“, рече претседателот Пендаровски.
Сепак што точно значи тоа, дали граѓаните ќе може да ги користат услугите на приватните болници и колку ќе треба да платат, со оглед на огромната разлика во цените, претседателот, премиерот и министерот за здравство немаа прецизен одговор.
„На располагање ќе бидат капацитетите на сите приватни болници, приватни поликлиники, како и кадарот што таму работи. Земајќи предвид дека ова првпат се случува, ќе направиме проценка со што се се располага и во таа смисла заеднички со нашите државни капацитети ќе направиме план за работа“, рече Филипче.
Законот за управување со кризи предвидува формирање локални кризни штабови во сите општини во државата, вкупно 80 и Град Скопје. Центарот за управување со кризи добива широки овластувања, односно се формира Централен кризен штаб кој ќе раководи со локалните штабови.
Кризната состојба може да трае до 30 дена а за продолжување Владата ќе мора да бара дозвола од Собранието.
Facebook Forum