Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД ќе го сметаат за антисемитско движењето кое се залага за бојкот и за одрекување од Израел.
Зборувајќи покрај израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, Помпео рече дека Стејт Департментот ќе преземе итни чекори да го идентификува и запре владиното финансирање на организациите кои се залагаат за ова.
Поддржувачите на движењето за бојкот и одрекување кое е предводено од Палестинците велат дека тоа е форма на протест против израелската окупација и дека е моделирано според бојкотот во 1980-те кој ја убеди Јужна Африка да стави крај на апартхејдот.
Организаторите отфрлаат дека движењето е антисемтско. Израел вели дека тоа има за цел да го делегитимира.
Нетанјаху и Помепо си честитаа меѓусебно за чекорите кои беа преземени за време на администрацијата на Доналд Трамп кои беа различни од претходната американска политика, вклучувајќи и признавање на Ерусалим за главен град на Израел, преместувањето на американската амбасада таму и стопирањето на гледањето на израелските населби во окупираниот Западен Брег како незаконско.
Помпео рече дека ќе ја посети Голанската висорамнина, област која Израел ја окупираше од Сирија во војната во 1967-та.
„Едноставното признавање дека и ова е дел од Израел, беше одлука на претседателот Доналд Трамп која е историски важна и која е признавање на реалноста“ рече Помпео.
Израелската анексија на Голанската висорамнина нема меѓународно приснавање. Трамп минатата година потпиша указ со кој го признава израелскиот суверенитет таму.
Нетанјаху рече дека односите меѓу САД и Израел за време на администрацијата на Трамп се на највисоко ниво до сега и ги потенцираше неодамнешните договори со кои се нормализираа односите со Бахреин, Судан и Обединетите Арпаски Емирати.
Посетата на Помпео на Израел е дел од турнејата низ повеќе држави во Европа и Блискиот Исток.
Следни на агендата се Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија. Државниот секретар претходно ги посети Франција, Турција и Грузија.