Линкови за пристапност

Над 250.000 починати од корна вирус во САД


Бројот на починати од корона вирус во САД надмина 250.000, а бројот на нови случаи бележи зголемување во повеќе делови од земјата.

Њујорк објави дека ги затвора училиштата откако седум дена по ред процентот на позитивни тестови беше над 3.

„Јавните училишта ќе бидат затворени почнувајќи од четврток, 19-ти ноември, поради претпазливост. Мора да се бориме со вториот бран на Ковид-19“ изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио.

Наставата во училиште во Њујорк започна кон крајот на септември и почетокот на октомври кога седум дневниот просек на позитивни тестови беше 2%.

И други големи градови како Бостон и Детроит преземаа чекори за запирање на наставата во училница.

Од почетокот на пандемијата во САД има над 11.5 милиони потврдени случаи.

Изминатава недела во просек секој ден беа потврдува по речиси 160 илјади нови случаи. Тоа е три пати повеќе во однос на состојбата пред еден месец. Секој ден умираат по над 1.100 луѓе.

Повеќе сојузни држави повторно почнаа да воведуваат рестриктивни мерки.

Вчера гувернерот на Минесота објави дека сите ресторани, барови и фитнес центри треба да затворат во наредните четири недели.

Властите се загрижени поради претстојниот Ден на благодарноста, период во кој милиони Американци вообичаено се собираат со семејствата и патуваат низ земјата.

Гувернерот на Вирџинија апелираше луѓето да останат дома велејќи дека тоа би бил „чин на љубов.“ Тој додаде дека доколку луѓето одлучат да прослават со други, би требало тоа да го направат во мали групи и на отворено.

Слична порака упати и секретарот за здравство, Алекс Азар.

„Собирите на затворено со луѓе кои не се членови на вашето домаќинство се активности од висок ризик за ширење на вирусот“ рече тој.

XS
SM
MD
LG