Линкови за пристапност

Рекордни 1.406 новозаболени во последното деноноќие


Смртноста е зголемена за 35 отсто за само една недела 172 лица заболени од Ковид - 19 починаа. Седумдесетина слободни кревети во болниците во држaвата, хоспитализирани се над 1.200 пациенти. Претеседателот Пендаровски го свика Советот за безбедност, можно е прогласување на кризна состојба

СКОПЈЕ - Епидемијата на коронавирусот продолжува неконтролирано да се шири низ Северна Македонија а во последните 24 се регистрирани досега рекордни 1.406 новозаболени во вкупно 31 град во државата.

Болниците и Клиниките се преполни со пациенти, седумдесетина кревети е се што е останато во моментов, се прават планови за вклучување на дополнителни клиники кои би примале заболени од коронавирус а медицинските тимови се исцрпени и недоволно пополнети.

Во последното деноноќие починаа 21 пациент со што бројката на луѓе кои ја загубијата битката со коронавирусот се искачи на 1.397.

Во моментов активни се 19.035 случаи од кои речиси половината се во Скопје - 9.059. Критично е и во Тетово каде има 1.033 заболени, Прилеп - 959, Куманово - 925, Велес - 769, Битола - 738, Гостивар - 638, Струмица - 580 и Охрид каде во моментов има 536 активни случаи. Трицифрени бројки на заболени има уште во 13 градови во државата.

Бројките на заболени немилосрдно растат од ден во ден а се повеќе лица имаат потреба од хоспитализација. Од утре и последната интерна клиника која е во склоп на скопскиот Клинички центар - Очната клиника ќе почне да прима заболени од Ковид - 19 кои ќе треба да бидат хоспитализирани. На скопските клиники има вкупно 440 пациенти од кои повеќето се на кислородна поддршка.

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 831. Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1271 и има колку 90 празни болнички кревети во ковид центрите“, информираат од министерството за здравство.

Според официјалните податоци на здравствените власти во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово има 100 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп - 110, во ковид центарот во Гостивар - 48, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 84 пацинети, во Кочани -31, во Кичево -19 и 40 кои се лекуваат во кавадаречката болница.

Она што најмногу загрижува е недостатокот на лекари и медицински сестри. Во моментов над 200 здравствеи работници се надвор од погон бидејќи се позитивни на вирусот или пак во изолација.

Според анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 9 до 15 ноември 172 лица ја загубиле битката со вирусот што е досега највисока бројка и е за 35 отсто повеќе во однос на неделата претходно.


„Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и два случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 155 или 90,1%“, стои во анализата на ИЈЗ.

Минатата недела се регистрирани 7.280 нови случаи од кои 3.305 се во Скопје.

По возрасни групни најмногу новозаболени имало во групата над 60 години - 1646 или 22,4%. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години -1496 или 20,3 отсто, од 40 до 49 години - 1435 или 19,5 и кај групата на лица на возраст од 50 до 59 години - 1.410 или 19,2 отсто.

Во периодот од 9 до 15 ноември уште 3.524 се водат како оздравени.

Комисијата за заразни болести не предложи дополнителни рестриктивни мерки но утре во „Вила Водно“претседателот Стево Пендаровски ќе заседава со Советот за безбедност и многу веројатно е дека ќе се бара прогласување на Кризна состојба со што би се отворило можност за поефикасно и помасовно вклучување на војската и полиција во справување со ширењето на епидемијата на Ковид - 19 и последиците од неа..

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG