Линкови за пристапност

На полноќ истекува рокот за рачно пребројување на гласовите во Џорџија


Атланта (AP) Изборните власти во Џорџија се соочуваат со истекување на рокот во кој треба да завршат со рачното пребројување на гласовите.

Рачното броење на речиси 5 милиони гласови е обврска од нов закон во сојузната држава и не е како одговор на можни проблеми со гласовите или на официјално барање за пребројување.

Крајниот рок да заврши пребројувањето е 23 часот и 59 минути во среда, а во петок треба е краен рок за потврдување на резултатот.

Рачното пребројување има за цел да осигура дека новите машини за гласање во сојузната држава прецизно ги пресметале гласовите. Не се очекува дека ќе има промени на крајниот резултат, велат изборните власти во државата.

Пред да почне рачното броење Џо Бајден имаше 14 илјади гласови повеќе од Доналд Трамп.

Кога резултатите ќе бидат потврдени, доколку разликата меѓу кандидатите е помала од 0.5% губитникот има право да побара пребројување.

XS
SM
MD
LG