Американскиот државен секретар Мајк Помпео во средата во Тбилиси се сретна со грузиските лидери каде изрази поддршка за грузискиот суверенитет и за јакнење на демократските институции.
На последната станица од неговата турнеја во повеќе земји во Европа и Блискиот Исток, Помпео разговараше со грузиската претседателка Саломе Зурабичвили, а потоа и со премиерот Ѓорги Гакариа и со министерпт за надворешни работи Давид Залкалиани.
„Американската соработка со Грузија е од огромно значење и нашата поддршка за грузискиот суверенитет при руска окупација е непоколеблива“ напиша Помепо на Твитер по состаноците.
Русија ги окупираше двата региони Јужна Осетија и Абхазија при кратка војна во 2008-та.
Гакариа односите меѓу САД и Грузија ги нарече „најзначајно партнерство на земјата“ и рече дека Грузија ја цени американската поддршка на нивниот територијален интегритет.
Стејт Департментот соопшти дека Помпео се фокусирал и на укажување за потребата од натамошни демократски реформи во Грузија.
Од Грузија Помпео заминува за Израел каде ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и ќе разговара за недоамнешните договори кои ги нормализираа односите на Израел со Бахреин и со Обединетите Арапски Емирати.
Остатокот од турнејата на Помпео вклучува посети на Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија.