Четворица астронаути пристигнаа на Меѓународната вселенска станица во првата мисија на ротација на персонал изведена од од американската вселенск агенција НАСА, со користење на комерцијално летало.
Тројца Американци и еден Јапонец пристигнаа по патување од 27.5 часа во леталото на SpaceX, Dragon. Нивната мисија треба да трае околу шест месеци.
Тие им се придружија на двајца Руси и еден Американец кои минатиот месец одлетаа на Меѓународната вселенска станица од Казахстан. Пристигнувањето на новите членови на екипажот беше дочекано со аплауз и прегратки.
„Тоа беше прекрасен лет“, рече командантот Мајк Хопкинс за време на церемонијата на добродојде: „Многу сме возбудени што сме овде и што сме дел од оваа важна експедиција“.
За време на престојот во вселенската станица, екипажот ќе изведе повеќе научни експерименти, вклучувајќи одгледување на цвекло и користење на микрогравитација за тестирање на лекови против леукемија. Тие исто така донесоа нов, редизајниран тоалет за кој НАСА вели дека ќе помогне за подготовка на идни мисии на Месечината и на Марс.