Линкови за пристапност

1.168 новозаболени од Ковид-19 во последното деноноќие


Нови случаи се регистрирани во 31 град низ државата. 18 пациенти ја загубија битката со вирусот. Во Ковид центрите во Скопје, Битола и Штип се хоспитализирани 694 пациенти. Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети

СКОПЈЕ - Коронавирусот продолжува неконтролиреано да се шити низ државата. Во последното деноноќиесе регистрирани 1.168 новозаболени во 31 различен град низ држаавата. Веќе одамна не постои населено место каде нема активни случаи, Тетово го надмина бројот на илјада заболени а уште неколку градови каде ситуацијата е критична се доблиѓуваат до таа бројка.

Во последните 24 часа се направени 3.353 тестирања во приватните и државните лаборатории а позитивни се 34,8 отсто, процент кој никако да се спушти.

„Починати се 18 лица, пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84г), двајца од Куманово (66 и 80г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г)“, соопштија од Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата, битката со вирусот ја загубија 1.281 пациент.

Во моментов активни се 17.800 случаи а речиси половина се во Скопје - 8.254, најголемото жариште на вирусот во државата. Во Тетово има 1.051 активен случај.Трицифрени бројки на заболени има во 19 други градови во Северна Македонија. Во Прилеп има 878 активни случаи, во Куманово - 821, во Велес - 742, Битола - 669, Струмица - 641,Гостивар -526, Охрид -497 Штип -486, Кичево-413 и Кавадарци со 400 активни случаи се градовите каде што состојбата е исклучително тешка или критична.

Состојбата со болничките капацитети е исклучително тешка и сериозна. Неколку Клиники во внатрешноста се полни, се чека испис на пациент за да може да се прими нов. Се подготвуваат и адаптираат нови одделенија за да може да прифатат и лекуваат пациенти заболени од Ковид -19.

Од здравство не објавија информација за исполентоста на ковид центрите во Скопје одделно, туку за прв пат само вкупна бројка според која во Ковид центрите во Скопје, Битола и Штип има вкупно 694 хоспитализирани пациенти а во болниците во градовите во внатрешноста на државата има само уште околу 80 слободни кревети.

„Во Ковид центрите е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 131 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 694. Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“,објаснуваат од здравство и дополнуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Она што можеби најмногу загрижува е недостатокот на медициски персонал бидејќи околу 250 здравствени работници од првата линија се во моментов заболени или во изолација и теретот го носат нивните колеги кои веќе осум месеци деноноќно се борат да спасат што е можно повеќе животи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG