Линкови за пристапност

Помпео тргнува на десет дневна турнеја низ Европа и Блискиот Исток


Американскиот државен секретар Мајк Помпео тргнува на 10 дневно патување на кое ќе посети седум држави од Европа и од Блискиот Исток. Фокусот ќе биде на борбата со тероризмот и на религиозните слободи.

Патувањето се случува една недела откако Џо Бајден беше прогласен за проектиран победник на претседателските избори, а лидерите на многу држави, вклучувајќи ги и оние кои Помпео ќе ги посети, му честитаа на новоизбраниот претседател.

Претходно неделава, кога беше запрашан за соработката со транзицискиот тим на Бајден, државниот секретар на новинарите им рече дека „ќе има мазна транзиција кон втора администрација на Трамп.“

Прва станица на патувањето на Помпео ќе биде Париз каде ќе се сретне со претседателот Емануел Макрон, министерот за надворешни работи Жан Ив Ле Дриан и други владини претставници „да работи на надградба на трансатлантските економски и безбедносни прашања како и на антитероризмот и глобалните закани“ соопшти Стејт Департментот.

Потоа ќе отпаува во Истанбул, Турција каде ќе се сретне до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј „да дискутира за религиозните прашања во Туција и во регионот и да го промовира силниот став на САД за религиските слободи низ светот.“

Оттаму Помпео заминува за Тблиси во Грузија каде ќе се сретне со официјални претставници на кои ќе им ја потенцира американската поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на земјата и да апелира за поголеми демократски реформи. Тој исто така ќе оствари средба и со Патријархот на грузиската Православна црква, Илија.

Од Грузија Помепо ќе оди во Израел на средба со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Двајца ќе дискутираат за Спогодбата Абрахам која ги нормализираше односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати и го отвори патот за нормализација исто други арапски земји. Помпео и Нетанјаху исто така би требало да дискутираат за заедничките напори за справување со Иран.

Помпео потоа ќе отпатува во Обединетите Арапски Емирати каде ќе се сретне со принцот Мохамед бин Заид „да дискутира за безбедносната соработка и регионалните прашања.“

Потоа заминува за Катар каде ќе се сретне со емирот Тамим бин Хамад Ал Тани и со заменикот – премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулахман Ал Тани „да разговара за билатерални и регионални прашања вклучително и за значењето на соработката во Заливот.“

Последна станица на оваа турнеја е Саудиска Арабија каде Помпео ќе се сретне со принцот Мохамед бин Салман. Нема детали за што ќе разговара со него.

XS
SM
MD
LG