Линкови за пристапност

Трамп го разреши секретарот за одбрана Еспер


Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер го разреши секретарот за одбрана Марк Еспер.

„Марк Еспер е отпуштен. Би сакал да му се заблагодарам за службата“ напиша Трамп.

Се очекуваше дека Еспер ќе остане на функцијата во транзицискиот период, до инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Кристофер Милер, директор на Националниот центар за контратероризам ќе служи како в. д. секретар за одбрана „почнувајќи веднаш“ објави Трамп на Твитер.

Во последниве денови некои медиуми пренесоа дека Еспер ја напишал својата оставка додека други цитираа официјални лица кои велеа дека секретарот за одбрана нема намера да се повлече.

Односот на Трамп и Еспер наводно бил напнат откако настанале недоразбирања во јуни. Неколку дена откако претсесателот се закани дека ќе распореди трупи да ги смират протестите против полициската бруталност Еспер јавно искажа спротивставување на таквиот потег.

Еспер беше секретар за одбрана од јули 2019-та. Пред да биде назначен од претседателот Трамп Еспер, кој е ветеран, беше секретар на Армијата од 2017-та до 2019-та.

XS
SM
MD
LG