Линкови за пристапност

Лекарите предупредуваат - потребни се итни рестриктивни мерки


Лекарите предупредуваат - потребни се итни рестриктивни мерки
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:13 0:00

Лекарите предупредуваат - потребни се итни рестриктивни мерки

Вирусот е меѓу нас. Сега работата е ние да не дозволиме, вирусот да влезе во нас, вели педијатарот од Дебар, Арбен Аголи, кој беше првиот македонски лекар кој на почетокот на пандемијата беше заразен од Ковид-19.

„Вирусот е меѓу нас. Сега работата е ние да не дозволиме, вирусот да влезе во нас. Тоа е многу важна работа, а тоа нема да се случи, ако ние ги почитуваме мерките за заштита. Треба сите, од најмладиот лекар, до најстариот професор, треба да бидеме дел од тој ланец, да си помагаме еден на друг и да ја надминеме оваа ситуација“ вели педијатарот од Дебар, Арбен Аголи.

Тој се надева дека оваа негова порака, ќе допре до сите во општеството. Тој беше првиот лекар во земјава, кој заедно со уште тројца други здравствени работници од овој град, на самиот почеток на пандемијата, беа инфицирани од Ковид-19. Нивната порака тогаш „Ние сме на работа, а вие седете дома“, која ги обиколи социјалните мрежи, била со цел да се влијае во јавноста да се почитуваат мерките за држење дистанца и носење на заштитни маски. Се надева дека никогаш повеќе нема да го доживее истото што му се случило тогаш.

„Првиот контакт се случи во нашата ординација. Навистина беше тешко, бидејќи имаше толку непознати работи, што секој ден слушавме нови работи и се прашувавме, каде сме, што ќе биде со нас, што ќе не најде, што терапија да земаме, како да постапуваме. Откако ние се вративме во нашата ординација, потоа четири-пет месеци повеќе работевме телефонски“ вели Аголи.

Аголи вели дека искуството од тогаш, го направил попретпазлив со болеста денес. Порачува дека вирусот станува се поагресивен и оти ќе биде многу тешко во периодот кој следува да се прави разлика што е сезонски грип, а што Ковид-19.

Да, следува тежок развој на ситуацијата, бидејќи имаме доволен број на пациенти со сезонски грип. Како матични лекари поставени сме во една ситуација да одлучиме што е, дали е сезонски грип, дали е корона вирус. Секојдневни информации има за нови симптоми, за нови работи кои навистина не ставаат во многу тешка ситуација“ вели Аголи.

И Ненад Лазаров, лекар и член на асоцијацијата на млади лекари-специјализанти, вели дека во наредниот период не може да се очекува ништо друго освен зголемување на бројот како на позитивни случаи, така и на оние кои ќе манифестираат клиничка болест.

„Имаме една неконтролирана трансмисија на терен. Се повеќе од ново позитивните и заболени не можат да го потврдат контактот од каде се. Имаме едно 50% од новите позитивни кои навистина не знаат од каде го имаат добиено вирусот“ вели Лазаров.

Лазаров смета дека за да се исконтролира сегашната ситуација, ќе мора да се преземат најитно што може одреден рестриктивни мерки.

„Дали ќе бидат некоj тип на лајт карантин како во Германија или ќе биде некој полициски час, ние мора сериозно да го ограничиме движењето и комуникацијата физичка на луѓето, затоа што само на тој начин можеме да го прекинеме овој синџир на трансмисија, кој гледаме дека е сериозно ефективен. Најголемиот проблем е што луѓето, голема една популација се уште го нема тоа прифатено, како секојдневие, како вистина и не се однесуваат на тој начин. Во тој правец ни говори фактот, дека најголем дел од ново заразените се заразиле во домашни услови“ вели Лазаров.

Лазаров смета дека секој нареден ден ќе биде полош, бидејќи има се повеќе нови позитивни случаи, а здравствените капацитети се надминати.

Ако ние сакаме да држиме една ваква ситуација, каде ќе нема карантин, а и луѓето ќе бидат слободни, ќе мора поагресивно да тестираме и да изолираме случаи, за да другите останат слободни“ вели Лазаров.

И здравствените власти не ја исклучуваат можноста за нови рестриктивни мерки, ако сегашните мерки не дадат резултати.

XS
SM
MD
LG