Линкови за пристапност

Илиевски: македонските треба да им помогнат на австриските власти во истрагата за нападот во Виена


Илиевски: македонските треба да им помогнат на австриските власти во истрагата за нападот во Виена
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:13 0:00

Илиевски: македонските треба да им помогнат на австриските власти во истрагата за нападот во Виена

Универзитетскиот професор за меѓународен тероризам, Ице Илиевски, во разговор за Гласот на Америка вели дека последниот терористички акт во Виена покажува дека на вакви напади не се имуни ниту развиените европски држави и оти станува збор за добро испланиран и синхронизиран чин.

Со оглед на тоа дека главниот напаѓач е со потекло од Северна Македонија тој смета дека македонските власти во понатамошната истрага можат да помогнат во однос на информации дали ова лице, има некаква поврзаност со одредени други лица или мрежи од нашата држава.

Глас на Америка: Како како професор по меѓународен тероризам, гледате на последните случувања во Виена, што покажува и директно учество на граѓанин со македонско потекло во овој терористички акт. И што државата, треба да направи за да има увид, во какви активности се вмешани луѓе со потекло од Северна Македонија?

Ице Илиевски: Терористичкиот напад во центарот на Виена, само уште еднаш потврди, дека тероризмот со верска и идеолошка позадина, претставува сериозна глобална закана, пред која не се имуни ниту развиените европски држави. Насилниот екстремизам и тероризам, како општествено штетни и негативни појави, претставуваат сериозна закана, а процесот на радикализација во различни општествени средини, сепак е реалност, која и понатаму ќе претставува ризик фактор, за извршување на одредени терористички напади. Од информациите, кои се достапни за терористичкиот напад во Виена, станува збор за инволвираност на лице, кое има двојно државјанство, односно покрај австриското има и македонско државјанство. Но од она, што досега е познато, тоа лице е родено и израснато во Австрија и засега нема поврзаност, со некои одредени активности со нашата држава, за што да почекаме, тоа истрагата да го покаже. Меѓутоа, она што сметам дека повеќе треба да загрижува, дека ова лице, било познато на австриските безбедносни органи пред се поради намерата да отпатува за Сирија и обидот кој го имал за приклучување кон т.н. Исламска држава, што го става во категорија на радикализирани, но не реализирани странски борци. Заканата која најчесто доаѓа од ваквите лица, кои или не обезбедиле ресурси да патуваат или да учествуваат во војните на Блискиот Исток, или пак биле спречени да патуваат од страна на безбедносните служби, ги прави, повеќе фрустрирани и поподложни за напад во матичните држави, каде најчесто делуваат сами или во мали келии.

Глас на Америка: Како Северна Македонија може да помогне во понатамошната истрага, ако се знае дека австриските власти, веќе побараа помош и подршка,за соработка со македонските власти?

Илиевски: Од терористичкиот напад во Виена, можеме да заклучиме, дека сепак станува збор за добро испланиран и синхронизиран напад, од повеќе извршители, на неколку локации, каде со употреба на огнено оружје, сторителите ја исполниле својата цел. Во однос на нашата држава, може да помогне на некаков начин, преку проверка, дали конкретно лицето патувало во Северна Македонија и колку често, дали евентуално е евидентирано во некои од криминалистичките евиденции и дали има некаква поврзаност со одредени други лица или мрежи од нашата држава.

XS
SM
MD
LG