Линкови за пристапност

Една од жртвите во терористичкиот напад во Виена е од струшко Велешта


Еден од жртвите на терористичкиот напад во Виена е од струшко Велешта
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00

Една од жртвите на терористичкиот напад во Виена, Австрија е и дваесет и едно годишниот Неџип Вранези од струшкото село Велешта. Тој бил роден во Виена, каде заедно со своите родители живеел, се образувал, па дури и доброволно служел и војска. Имал австриско државјанство. Убиството според кажувања на жителите на Велешта, се случило, откако Вранези, заедно со пријател, Австриец, бил на прослава за новото работно место. Во Велешта велат дека не можат да поверуваат што му се случило на нивниот познаник и чест гостин.

Првичните информации се дека тројца државјани на Северна Македонија, кои биле и државјани на Австрија, биле вклучени во нападот во австриската престолнина, каде пукаа во граѓани на улиците во Виена. За дваесет годишниот, Кујтим Фејзулау, од тетовското село Челопек се вели дека е организатор на нападот.

XS
SM
MD
LG