Линкови за пристапност

Владата со нови рестрикции - угостителите ќе работат до 21 часот


Забрането е групирање на отворено по 21 часот,се препорачува граѓаните да не излегуваат навечер доколку немаат потреба.Северна Македонија е во фаза 4 односно широко распространета трансмисија во заедницата. Минатата недела регистрирани 5.8000 новозаболени што е за 70 отсто повеќе од претходната

СКОПЈЕ -Мини карантин стапува на сила откако Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и донесе одлука да го ограничи работното време на угостителите до 21 часот. По 21 часот угостителите ќе моѓе да работата само доколку вршат достава на храна или пак шалтерска продажба. На денешната седница е донесена одлука со која се спречува групирање на отворено во вечерните часови, односно по 21 часот повеќе од четири лица нема да смеат да стојат или шетаат заедно на отворен простор. Доколку нема реална потреба граѓаните навечер да останат во своите домови, препорача Владата.

„Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици , а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид. На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот. Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби“, соопшти премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Угостителите реагираат, огриничувањата кои беа донесени на сила во последните 30 дена не го намалија бројот на новозаболени а угостителските објекти се користат како параван и деѓурен виновник.

„Кратење и цепкање на работно време ќе ги примора угостителите да извршат рационализација на вработувањата кои за жал ќе доведат до масовно НАПУШТАЊЕ на работните места од страна на самите угостителски работници. Угостителите ќе настојуваат на секој начин да ги задржат и да не ги отпуштат своите вработени. Но, она што очекуваме да се случи е дека угостителските работници веќе нема да го имаат истиот елан, интерес, желба и потреба да работат во угостителскиот сектор“, стои во соопштението на Независната угостителска комора.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска ја објави анализата на епидемијата на коронавирусот во Северна Македонија во периодот од 26 октомври до 1 ноември. Бројките се повторно поразители. 5.800 новозаболени во 35 различни града низ дражавата се регистрирани минатата недела што е за дури 70 отсто повеќе споредено со неделата претходно.

Најмногу новозаболени повторно има во Скопје - 2.690 или 46,4 отсто од сите регистрирани случаи.

Според категоризацијата на ризикот на Светската задравствена организација (СЗО) за прв пат целата држава вегува во фаза 4 односно широко-распространета трансмисија во заедницата.

Направени се 17.299 тестирања што е за 23,6 отсто повеќе од претходната недела, а секој трет тест односно 33,5 отсто се позитивни.

Анализата на ИЈЗ покажува дека најголем број на новозаболени се меѓу 30 и 39 години - 1.283 или 22,1 отсто.Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 години - 1.169 или 20.2%, возрасната група од 40 до 49 години - 1.089 или 18,8%, возрасната група од 50 до 59 години - 1.056 или 18,2% и возрасната група од 20 до 29 години - 866 или 14.9 отсто.

Во текот на минатата недела битката со вирусот ја загубија 88 пациенти во 21 град низ државата. Најголем број од жртвите, дури 70 лица, се на возраст над 60 години .

Во периодот од 26 октомви до 1 ноември 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување го добиле вториот негативен тест и се водат како излечени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG