Линкови за пристапност

Нови 1.085 новозаболени од коронавирус во последното деноноќие


Починаа 12 пациенти, најмладиот има само 27 години. Болниците речиси се исполнети до последниот кревет. Нови одделенија се приспособуваат за да можат примат болни од Ковид - 19 кои мора да се хоспитализираат. Во Скопје над 4.500 заболени

СКОПЈЕ - Епидемијата на коронавирусот продолжува да ги урива црните рекорди и неконтролирано да се шири низ државата. За само 24 часа регистрирани се досега рекордни 1.085 новозаболени во дури 30 града низ Северна Македонија. Направени се, исто така рекордни, 3.294 тестирања од кои 32,9 отсто се позитивни.

Во последното деноноќие 12 пациенти ја загубија битката со вирусот, а меѓу нив е и 27 годишно момче од Липковскиот крај, кое немало претходни болести и комобидитети а шест дена пред хоспитализацијата се лекувало дома.

„Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови“, соопштија од министерството за здравство.

Досега животот го загубија 994 пациенти.

Од почетокот на епидемијата, 26 февруари, па досега заболеа 31.572 лица од кои 20,731 успеаа да се излечат. Во моментов активни се 9.847 случаи во 31 град низ државата. Најголем број на активни случаи во моментов има во Скопје - 4.584 кое е најголемо жариште на вирусот во државата. Трицифрени бројки на заболени во моментов има уште во 15 града. Во Струмица има553 активни случаи,Тетово - 547, Прилеп -494 ,Куманово- 439, Велес - 380, Штип - 281, Битола - 279, Охрид - 250, Кочани - 229,Гостивар - 213,Кавадарци - 211, Гевгелија - 192, Кичево - 179, Делчево - 125 и Струга каде има 115 активни случаи.

Здравствениот систем од ден во ден е под се поголем притисок, се бара кревет повеќе но и лекари и медициски лица.

Во поголемите градови, регоионални центри на инфектвните одделенија има едноцифрен број на слободни кревети и каде што е можно интерните одделенија се пренаменуваат за да примат нови пациент заболени од Ковид - 19 кои ќе мора да се хоспитализраат. Во Куманово Инфективното одделение е полно а се врши адаптација на одделението за неврологија со што ќе се обезбедат дополнителни 20 кревети. Во Велес и Битола има уште вкупно 18 слободни кревети. Прашање на време е кога повтоно Градската болница „8 септември“ во Скопје повторно ќе стане Ковид центар, ќе се затворат одделенијата за да може да се хоспитализираат пациенти исклучиво заболени од коронавирусот и со тоа би се добиле дополнителени стотина кревети плус.

Расте притисокот и врз медицинските тимови кои со месеци секојдневно се борат за животите на пациентите.

Според официјалните информации на министерството за здравство во моментов хоспитализирани се 792 пациенти во двата Ковид центри во Скопје и инфективните одделенија низ државата.

На Инфективната клиника има 154 пациенти од кои 117 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле, вториот Ковид центар,хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот. Во Градската болница „8 Септември“ има 76 пациенти од кои тројца се приклучени на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG