Неговата порака беше дека САД се противат на кинеското задирање во суверенитетот на нациите во регионите на Југоисточна Азија, Азија и Пацификот.
Помпео во петокот беше пречекан од премиерот на Виетнам, Нгујен Јуан Пук, во главниот град Ханој во периодот кога двете држави одбележуваат 25 години од дипломатските односи.
Помпео на Пук му порача дека САД имаат голема почит кон виетнамскиот народ и кон суверенитетот на земјата.
„Секретарот Помпео ја подвлече поддршката за суверенитетот на нациите од Југоисточна Азија, за меѓународното право и за слободен и отворен Пацифик“ се наведува во соопштението од Стејт Департментот.
Првиот американски дипломат претходно, при посетите на Индија Шри Ланка, Малдивите и Индонезија, ја потенцираше поддршката што ја дава САД за запирање на влијанието на Кина.
Пред посетата на Помпео на Виетнам Стејт Департментот испрати сооштение во кое ја критикуваше Кина за нејзините територијални претензии во Јужното Кинеско Море.
Администрацијата на Доналд Трамп отворено го критикува начинот на кој Кина се справи со пандемијата на корона вирус како и за нејзините политики на агресивен однос кон помалите соседи.