Линкови за пристапност

Американската економија пораснала за 7.4% во третиот квартал


Американската економија пораснала за 7.4% во периодот од јули до септември, соопшти Одделот за трговија.

Ова се случи во период на повторното отворање на бизнисите и кога потрошувачите поддржани од владините пакети помош почнаа повторно да трошат.

Растот во третиот квартал делумно го амортизираше падот од 9% што беше забележан во периодот од април до јуни, кога економскиот живот во земјата беше запрен откако корона вирусот почна да се шири доаѓајќи од Кина и Европа.

Овој економски извештај е последен пред изборите закажани за во вторник и може да ги поткрепи тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека земјата е на пат кон економско закрепнување.

Економистите велат дека очекуван американското стопанство кое е најголемо во светот да продолжи со растот и во последниот квартал, но тој веројатно ќе биде помал отколку во третиот квартал.

Сепак, се очекува економијата на крајот на 2020-та да биде помала во однос на 2019-та.

7.7 милиони луѓе се уште се без работа, но стапката на невработеност падна на 5.3% што е голем напредок во однос на април кога достигна 14.7%.

XS
SM
MD
LG