Напаѓач со нож уби тројца во црква во францускиот град Ница, соопштија властите.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, рече дека станува збор за терористички чин.
„Тој продолжи да извикува Алах Акбар дури и додека беше под медицинска терапија откако беше повреден од полицијата која пукаше во него при апсењето“ рече Естроси.
Антитерористичките единици започнаа истрага за убиствата кои се случија по обезглавувањето на учител во основно училиште претходно месецов.
Тој напаѓач кој по потекло е од Чеченија рече дека сакал да го казни наставникот зашто на час за граѓанско општество на учениците им покажал карикатури од пророкот Мухамед.
Се уште е нејасно дали и најновите напади се поврзани со карикатурите кои муслиманите ги сметаат за богохулие.