Во САД во изминативе седум дена се потврдени над 500 илјади случаи на Ковид-19. Според податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс во просек секој ден има по околу 70 илјади новозаразени.
Средишниот дел од САД има најголем раст на нови случаи, најмногу во сојузната држава Илиноис каде гувернерот Прискер воведе дополнителни рестрикции, особено за Чикаго, третиот град по големина во земјата. Во Чикаго гувернерот забрани работа на баровите и рестораните, освен на летните тераси.
Во Денвер, Колорадо градоначалникот нареди рестораните и другите бизниси да го намалат бројот на посетители, од сегашното ограничување кое беше 50% од капацитетот, на 25%.
САД имаат најмногу инфекции во светот, 8.7 милиони од почетокот на пандемијата. Од нив над 226 илјади се починати.