Линкови за пристапност

Ковид-19: 2.8 милиони заразени и 40 илјади починати за седум дена


Светската Здравствена Организација (СЗО) соопшти дека рекордни 2.8 милиони нови случаи на Ковид-19 биле пријавени на глобално ниво во изминативе седум дена. Од нив 40 илјади починале.

Од СЗО велат дека најголем дел од новите случаи, 1.3 милиони, отпаѓаат на Европа. Ова е зголемување од 33% во однос на претходните седум дена.

Бројките покажуваат дека има забрзување на ширењето на вирусот и во Северна и Јужна Америка, Источен Медитеран и Африка, додека во Југоисточна Азија има забавување. Западниот Пацифик исто така има благо намалување на бројот на нови случаи и новопочинати.

СЗО соопшти дека земјите кои пријавиле најмногу случаи во изминативе седум дена се Индија, САД, Франција, Бразил и Обединетото Кралство, исто како и во претходните три недели.

XS
SM
MD
LG