Линкови за пристапност

628 новозаболени во последното деноноќие, вирусот однесе уште 15 животи


Двојно е зголемен бројот на починати во последните осум дена покажуваат анализите. Секој чеврти тест направен минатата недела е позитивен. Скопје е најголемото жариште на вирусот со 3.500 активни случаи. Во болниците речиси и да нема кревети а пациенти за хоспитализација непрестано пристигаат

СКОПЈЕ - Деведесет и девет пациенти ја загубија битката со коронавирусот во последните осум дена што е речиси двојно споредено со претходниот период бележат статистиките на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објавени денеска. Во анализираниот период од 19 до 25 октомври е забележан скок од на 70 отсто во бројката на починати а коронавирусот однесе животи во 24 града низ државата.

„Пријавени се 84 смртни случаи од 24 града, зголемување од 71,4 отсто, во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 66 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 до 59 години, три смртни случаи се пријавени од возрасната група 40 до 49 години и двајца во возрасната група од 30 до 39 години“, стои во деталната анализа.

Црните бројки и статистики немилосрдно растат. Во текот на минатата недела се регистрирани нови 3.410 заболени од коронавирусшто е за 27,4 отсто повеќе од претходната недела. Новозаболени има во дури во 35 града низ државата а најголем број се во Скопје 1.654 или 48,5 отсто од новите активни случаи.

За преоптеретеноста на здравствениот систем сведочи податокот дека епидемиолозите истражиле само 45 смртни случаи од последните 84 , додека од заболените 3.400 усепале да анкетираат само 16 проценти или 555 граѓани кои има дале одговори за заразата.

Минатата недела напправени се 13.993 теста од кои речиси секој четври бил позитивен - 24 отсто.

Анализата на новозаболените покажува дека се регистрирани во сите возрасни групи.

„Најзастапена е возрасната група на лица на возраст од 30 до 39 години каде има 750 случаи или 22,0%. Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 години - 673 лица или 19,7%. Кај возрасната група од 40 до 49 години има 632 заболени или 18,5% а во зорасната група од 50 до 59 години 595 лица или 17,4%. Висока бројка на заболени има и кај возрасната група од 20 до 29 години - 539 лица или 15,8 отсто“, информираат од Институтот.

Во истиот период, два негативни теста добиле 1.566 лица кои биле хоспитализирани или пак на домашно лекување а сега се водат како оздравени.

Во последното деноноќие се регистрирани 628 новозаболени а 15 пациенти ја загубија битката со вирусот. Направени се 2.236 теста а 28 отсто се позитивни. Од почетокот на епидемијата регистрирани се 949 жртви.

„Починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76,63,84,82,75,80 и 85г), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51г), еден од Ресен (70г), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87г)“, соопштија од министерството за здравство.

Во моментов активни се 7.399 случаи а речиси половина од нив се во Скопје - 3.551 случај. Трицифрени бројки на заболени има уште во 14 града низ државата.

Според официјалните податоци на министерството за здравство во Струмица има 430 активни случаи, Тетово - 409, Прилеп - 349, Куманово - 337, Штип - 212, Битола - 200, Кочани - 187, Охрид - 178, Велес - 177, Кавадарци - 170, Гевгелија - 160, Гостивар - 146, Кичево - 124 и Делчево каде има 100 активни случаи.

Болничките капацитети се речиси полни, се бара кревет повеќе а некои одделенија се целосно исполнети и заболените се испраќаат во други градови како што е случајот со Куманово и со Штип. Надлежните најавија дека ќе отворат уште две одделенија во Градската болница „8 септември“.

Во моментов хоспитализирани се 646 пациенти.

На Инфективната клиника која заедно со мобуларната болница имаат капацитет од 182 пациенти, во моментов има само 30 слободни кревети. Хоспитализирани се 152 пациенти од кои 110 се на кислородна поддршка.

Во Градската болница има 47 пациенти од кои еден е на респоиратор. Состојбата во вотриот ковид ценатр во Скопје - Детската клиника е добра бидејќи таму има 8 деца и 10 позитивни мајки, 3 деца и 3 мајки суспектни на ковид-19.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 304 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, инфвормираат од здравство.

Пред сите пунктови за тестирање во државното здравсто и во приватните клиники и лаборатории денеска имаше голем број на луѓе кои чекаа да им се земе брис.

Во Институтот за јавно здравје од денеска е отворено уште едно оделение за тестирање а надлеѓните прават напори да се обезбедат дополнители 350 тестови дневно со штокапацитетот на тестирање и ќе стигне до 2.000 тестирања дневно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG