Линкови за пристапност

НАСА откри вода на осветлен дел од Месечината


Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека потврдила дека има вода на Месечината во области кои се изложени на сончева светлина што укажува дека таа веројатно е пораспространета отколку што претходно се мислеше.

Откритието е направено со помош на Стратосферската опсерваторија за инфрацрвена астрономија (СОФИА), летечка лабораторија која се наоѓа на приспособен Боинг 747.

Претходно се мислеше дека молекули на водат може да се најдат само во студените, неосветлени делови на месечевата површина.

НАСА соопшти дека СОФИА открила водени молекули во Клавиус, еден од најголемите кратери кој е видлив и од Земјата и кој се наоѓа на јужната хемисфера на Месечината.

Податоците укажуваат дека водата е присутна во концентрација од 100 до 412 единици на еден милион.

НАСА соопшти дека за споредба, во пустината Сахара има 100 пати поголема концентрација на вода од онаа што СОФИА ја откри на Мсечината.

Но, без оглед на малата количина откритието отвора низа прашања – како водата била креирана и како опстојува на суровата, безводушна површина на Месечината.

Научниците од НАСА велат дека откритието е охрабрувачко за нивните планови за воспоставување постојано човечко присуство на Месечината до крајот на оваа деката. Се уште не е утврдено дали водата која ја откри СОФИА ќе биде лесно достапна за користење.

Кога луѓето за прв пат слетаа на Месечината во 1969-та, се веруваше дека таа е целосно сува. Но, набљудувањата оттогаш открија докази за постоење на мраз и влага во повеќе региони.

XS
SM
MD
LG