Линкови за пристапност

Сенатот ја избра Ејми Кони Барет за судијка во Врховниот суд


Американскиот Сенат со 52 наспроти 48 гласови ја потврди номинацијата на Ејми Конет Барет за судијка во Врховниот суд.

Републиканската сенаторка Сузан Колинс од Мејн се приклучи кон демократските сенатори кои едногласно гласаа против номинацијата. Колинс рече дека ваквата одлука ја донела бидејќи гласањето е непосредно пред претседателските избори.

Според АП, ниту еден судија во Врховниот суд во изминативе 150 години не бил именуван без поддршка на барем еден глас од опозициската политичка партија.

Барет е трет судија во деветчлениот суд кој е номиниран од претседателот Доналд Трамп со што значително се поместува идеолошкиот баланс во судот каде сега ќе има конзервативно мнозинство од 6 наспроти 3.

Демократите велеа дека одлуката за избор на нов судија треба да ја направи оној кандидат кој ќе победи на претседателските избори, став што го имаа и Републиканците во 2016-та кога имаше испразнето место.

Барет би можела да одлучува за спорни резултати на претстојните избори иако е нејасно дали би се изземала себе си од ова. Таа пред две недели, при нејзиното сослушување пред сенатската Комисија за правосудство, одби да одговори дали ќе одбегне да одлучува при расправите за продолжените рокови за гласање и за гласањето по пошта, теми за кои спорат Републиканците и Демократите.

XS
SM
MD
LG