Линкови за пристапност

Скопје - Приштина за 45 минути по нов автопат, најави премиерот Заев по средбата со косовскиот колeга Хоти


Гасовод Скопје - Приштина, конечно автопат до Блаце, поврзување на Тетово и Призерен, зголемување на трговијата и меѓусебна поддршка во надворешната политика се дел од приоритетите на премиерите. Во најава средба Заев, Вучиќ и Рама од која ќе се испрати покана за регионално вклучување на Косово

СКОПЈЕ - Северна Македонија и Косово се блиски не само географски туку и економски и политички а таа соработка треба уште повеќе да се продлабочи за да има развој, мир и стабилност во регинот. Ова е заклучокот по тет - а - тет средбата на двајцата премиер Зоран Заев и Авдулах Хоти. Двајцата премиери на ист став, заедничката меѓувладина седница ќе биде потврда за добрососедските односи и напорите за развивање на добрососедските односи, трговијата и економијата.

„ Нашите држави имаат одлични билатерални односи и успешна соработка водена од принципите на меѓусебна поддршка и почитување. Доказ за тоа е и оваа официјална посета на премиерот Хоти.Нашите држави имаат интерес дополнително да ги засилиме и продлабочиме билатералните односи и соработката во сите области од взаемен интерес. Во таа насока очекуваме интензивирање на политичкиот дијалог и одржување на веќе најавуваната прва заедничка седница меѓу Владите на двете земји штом условите ќе го дозволат тоа “, изјави премиерот Заев.

Гасоводно поврзување на Скопје и Пришрина, конечна изградба на автопатската делница до граничниот премин Блаце и автопатско поврзување со Приштина и развој на туризмот на Шар Планина и Попова Шапка како регионален центар се дел од иницијативите кои произлегоа од оваа средба.

„ Верувам дека за 2,5 години, со современи и добри механизации, може да се стигне и да се изгради автопатот. До Приштина ќе се патува 45 минути“, најави Заев.

Премиерот Заев го поздрави и поддржа договорот кој Косово и Србија го потпишаа во Вашингтон како и дијалогот меѓу Приштина и Белград и најави дека идната недела ќе има средба со албанскиот премиер Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Очекуваме Косово да се вклучи и во засилената регионална соработка која ја предводат Северна Македонија, Србија и Албанија со цел нејзиниот инклузивен карактер да биде приоритет за регионот без разлика на отворените политички прашања. Следниот петок ќе имам состанок со Вучиќ и Рама каде една од точките ќе биде токму тоа со намера да испратиме заедничка покана. Ова е пред сè, од интерес на нашите граѓани, првенствено за имплементација на четирите слободи на ЕУ: слободно движење на стоки, услуги, луѓе и капитал“, рече Заев.

Косовскиот премир Хоти, не штедеше пофални зборови за политичките потези на неговиот македонски колега како и да договорите потпишани со соседните држави.

„Ви честитам на изнвонредните рзултати кои ги постигнавте и значајните дела во политиката. Многу начуивме од реформите кои ги спроведовте во економијата. Ви благодарам во име на косовскиот народ за тесната соработка што ја имавме во борбата против пандемијата и отварањето на границата. Очекувам самитот во Софија да биде успешен за регионот и да се конкретизираат некои иницијативи кои вие ги почнавте во минатиот мандат и сега да ги завршите“, изјави косовскиот премиер Хоти.

Автопатското поврзување е приоритет и за Косово.

„Добро е што се разгледа можноста на физибилити студијата за автопатот Тетово – Призрен. Стопанските комори се во тесна координација со економијата, за интензивирање на соработката, но и за идентификување на пречките коишто може да бидат меѓу двете земји“, нагласи Хоти.

Претседателот Стево Пендаровски исто така се сретна со косовскиот премиер Хоти и на средбата изрази уверување дека одличните билатерални односи ќе продолжат да се развиваат и ќе бидат потврдени со конкретни иницијативи, кои истовремено ќе го забрзаат развојот на регионот. придонесат за просперитетен и стабилен регион и забрзана регионална соработка. Поинтензивна комуникација помеѓу бизнис секторите на двете земји е еден од заклучоците на средбата.

„Глобалната пандемија не смее да биде пречка за натамошно унапредување на економските и трговските односи, и за интензивирање на меѓусебната соработка и поддршка на планот на евроинтеграциите и спроведување на реформските процеси“, посочи претседателот Пендаровски на средбата со косовскиот премиер.

И Пендаровски како и Заев го поздрави Договорот за потпишан во Вашингтон за кој е уверен дека ќе придонесе за стабилност на регионот.

Во рамките на посетата косовскиот премиер имаше средба и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и спикерот Талат Џафери.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG