Линкови за пристапност

ОН бараат гаранција вакцината против ковид-19 да биде достапна за секој и секаде, рече Гутереш


Генералниот секретар на Обединетите нации рече дека државите мoра да имаат координиран пристап при справување со пандемијата

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш вели дека е голем неуспех што најголемите 20 развиени држави во светот не се обединиле во март, како што предложил тој, за да направат координиран пристап во справување со пандемијата во сите држави.

Во интервју за Асошиетед прес, Гутереш вели дека како што се наближува Самитот Г-20 наредниот месец, се надева оти меѓународната заедница разбарала дека „мора да биде многу покоординирана во борбата против вирусот“.

Гутереш рече дека ОН цврсто ќе апелираат за координиран одговор при пандемијата, дополнително барајќи гаранција дека која било развиена вакцина ќе биде третирана како „глобално јавно добро“ и оти ќе биде достапна за секој, секаде“.

Истражувачи низ цел свет работат на развивање безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот, од кој починаа повеќе од 1.1 милион луѓе во светот, а се заразија повеќе од 41 милион.

Во меѓувреме, бројот на држави со над еден милион заразени се искачи до седум, со Франција и Шпанија меѓу последните кои го достигнаа тој број.

Франција воведе полициски час за 65 отсто од населението, додека белгискиот министер за надворешни работи е хоспитализиран со ковид-19.

Според универзитетот Џонс Хопкинс, САД остануваат држава со најголем број заразени, или вкупно над 8,4 милиони лица, по кои следат Индија, Бразил, Русија, Аргентина, Франција и Шпанија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG