Линкови за пристапност

Инфективните оддленија речиси полни, 640 новозаболени во едно деноноќие


Утрово во Прилеп и Куманово немаше слободни кревети на инфективните одделенија. Одделенијата во Струмица, Охрид, Битола, Велес и Штип се речиси полни. Уште 12 пациенти ја загубија битката со вирусот. Бројките на активни случаи немилосрдно растат, над 6.500 во државата, во Скопје над три илјади

СКОПЈЕ - Притисокот врз здравствениот систем и лекарските тимови продолжува да се зголемува откако втор ден по ред во државата се регистрирани над 600 новозаболени. Во голем дел од инфективните одделенија во регионалните центри слободните кревети се бројат на прсти а напливот на пациенти заболени од Ковид - 19 не престанува. Утрово во Прилеп и во Куманово немаше слободни кревети за болните од коронавирус.

Според официјалните бројки кои министерството за здравство ги достави до Гласот на Америка, здравствениот систем во моентов располага со 630 кревети наменети за заболени од Ковид - 19 но над 500 се веќе пополенти. Оттаму напоменаа бројките да се земат со резерва бидејќи се менуваат во час и од ден во ден.

„Состојбата се менува на дневна основа и на тоа влијае бројот на приеми и исписи и починати пациенти. Дополнително, земете во предвид дека установите кои згрижуваат пациенти со Ковид 19 вирусот, соодветно на состојбата прават прераспределба на други одделенија за да се обезбедат дополнителни капацитети. Може да се обезбедат дополнителни капацитети за третман на пациенти доколку се јави потреба за истото“, соопштија од здравство.

Инфективната клиника располага со 110 кревети а модуларната болница во склоп на Клиниката има 72 кревети. Во моментот хоспитализирани се 115 пациенти што значи дека има уште 67 кревети. Капацитетот на Градската болница е речиси исполнет - од 50 кревети само три се слободни за нови тешки случаи. Вториот Ковид центар во Скопје - Детската болница во Козле која располага со 55 кревети засега не е под притисок или опасност бидејќи таму има 18 пациенти позитивни или суспектни на вирусот.

Утрово во одделенијата во Куманово и Прилеп немаше повеќе слободни кревети. Податоците од министерството за здравство покажуваат дека на инфективните одделенија во Струмица, Штип, Битола и Охрид е едноцифрена бројката на слободни кревети а во дел од нив се отворени и дополнителни одделенија. Болниците во Гостивар, Прилеп и Кочани се полнат со пациенти.

Инфективното одделение во Велес е со капацитет од 35 пациенти а утрово хоспитализирани беа 32. Во Битола каде капациетот е 45 пациенти хоспитализирани се 43, инфективното одделение во Охрид располага со 31 кревет но според здравство тие се полни бидејќи се хоспитализирани 31 пациенти. Во Гостивар има уште два кревета - пацатитетот на одделението е 24 а хоспитализирани се 22 пациенти позитивни или суспектни на коронавирусот. Во Струмица се полни сите 38 кревети на Инфективното одделение и се полнат другите одделени приспособени да примат пациенти заболени од Ковид - 19 а во болницата вкупно има 58 пациенти. Исто е во Штип каде има 53 хоспитализирани што е повеќе од предвидените 38 кревети.

Во болницата во Кочани која нема инфективно одделение има 14 пациенти а во прилепската болница уште 30 заболени

Тетово и Струга се двете места за кои официјалните бројки покажуваат дека се под помал притисок.

Инфективното одделение во тетовската Клиника е исполнето до половина, 25 хеопитализирани пациенти а на располагање се 50 кревети. Во Струга каде за болните од коронавирус се предвидени 42 кревети засега има 8 пациенти.

Со наглиот раст на бројката на заболени но и на хоспитализирани се зголеми и онака големиот пристисок врз лекарите и медицинскиот персонал.

„Едноставно мораме да издржиме, заради нас, заради вас, заради нашите и вашите семејства. Граѓаните мора да ни помогнат“, изјави др. Милена Стевановиќ, директор на Инфективната клиника.

Таа апелираше до заболените да ги следат препораките на стручните лица, матичните лекари, а оние кои се со лесни симптоми да останат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија за да може ефикасно да им се помогне на оние кои навстина имаат потреба од хоспитализација.

Во последното деноноќие повторно поразителни бројки. 640 новозаболени и 12 жртви а 24,2 отсто од направените тестови се позитивни. Од почетокот на епидемијата битката со вирусот ја загубија 874 лица а само во последните седум дена починаа 59 пациенти.

Во моментов како активни се водат 6.552 случаи. Речиси половина од нив - 3.174 се во Скопје кое е најголемото жариште на вирусот во државата.

Трицифрени бројки на активни случаи има уште во дванаесет градови низ државата. Во Струмица - 383, Тетово - 345, Куманово - 290, Прилеп -278, Кочани - 195, Штип -181, Битолаи Гевгелија - 159, Кавадарци - 141,Охрид - 137,Велес - 120 и Гостивар каде има118 заболени.

Владата усвои нов сет рестриктивни мерки со кои го огрануичи работењето на угостителите до 23 часот, јавниот превоз да биде исполент до 50 отсто и јавната администрација да работи во смени, редуцирано со ротации или со работа од дома.

И покрај барањето на министерот за здравство Венко Филипче за интност, Спикерот Талат Џафери за идниот вторник ја закажа седницата на Собранието на која ќе се гласа за измените во Законот за заштита на населението од заразни болести кои предвидуваат задожително носење маска на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица на отворено по 22 часот забрана за големи настани и максимум четворица гости во во домашни услови.

Филипче најави дека доколку овие мерки не помогат ќе биде предложено повторно воведување на полициски час.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG