Кинеската економија има големо геополитичко влијание, а под лидерство на Шjи Џjинпинг јасно е дека цели да го замени американското силно и глобално влијание, како и да го редефинира светскиот поредок.
Пред три децении, САД ѝ помогнаа на Кина да се приклучи кон Светската трговска организација, со очекувања дека зголемената кинеска трговија би можела да доведе до нејзина демократизација.
„Мислевме дека ако Кина навлезе повеќе во трговијата, ќе дојде до промена на однесувањето, бидејќи комунистички режим и слободна трговија не можат да функционираат заедно“ вели Џејмс Џонс, Советник за национална безбедност на Обама.
Тоа очекување не само што се покажа некорисно, туку и предизвика непосакувани последици, вели пензионираниот генерал Џејмс Џонс.
Тој вели дека кинескиот развој бил постигнат преку лукавство, кражба и потценување на американската и западната безбедност.
„Во однос на кибернетиката, знаеме дека крадат интелектуална сопственост секогаш кога можат. Кина се прикажува многу мека, но, не треба да бидеме во заблуда. Тие прават тројански коњи во нашите држави колку што можат“ вели Џонс.
Целта на Кина е да ги потцени долгогодишните безбедносни алијаси на Америка, вели поранешниот врховен командант на НАТО Весли Кларк.
Во моментот, Кина и нејзиниот претседател се фокусирани на нивното соседство - Пацификот, првенствено Тајван.
„Проблемот на Пацификот за кој луѓето најмногу зборуваат денес е Тајван, бидејќи имавме договор со кој САД се откажаа од признавање на Тајван. Имавме заложба дека нема да има присилно решение за Тајван. Но, господинот Ши не се согласува со тоа“ вели
Весли Кларк, Поранешен врховен командант на НАТО.
„Во Јужното Кинеско Море може да се види неочекувана активност. Ние сме сериозни да ја одржиме слободата на примена на меѓународното право на врв на нашата листа“ вели Џејмс Џонс.
Кина инсистира дека САД се провокатор во Јужното Кинеско Море, и оти нејзините односи со Тајван се прашање во кое Вашингтон не треба да игра улога.
Но, како што се зголемуваат тензиите меѓу Вашингтон и Кина, а Тајван останува кризно подрачје, Кларк вели дека ситуацијата и натаму ќе биде непредвидлива, исто каква што била во времето на Студента војна.
„Советскиот сојуз знаеше дека ако ја помине границата со Германија би имало судир, но, никогаш не кажавме кога би ескалирале до нуклеарно оружје. Денес зборуваме за воздух, земја, море, вселена и кибернетика. Многу е опасно“ вели Кларк.