Линкови за пристапност

Со партиски пари Груевски купил плацови на Водно, неговиот кум заврши во притвор


Осомничени се и Сашо Мијалков, Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Судијата му одреди притвор само на Новачевски, за останатите важат мерките за претпазливост од случајот „Империја“. Купени се 11 илјади квадрати за 1,3 милиони евра пари од донации на партиските членови

СКОПЈЕ – Шест години Никола Груевски земал дел од парите кои биле уплаќани како донации од лице и фирми на сметката на партијата, ги тргал на посебна оф шор сметка во Белизе и потоа купил неколку плацеви со вкупна површина од околу 11 илјади квадратни метри на Водно. На барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал утрово беше уапсен неговиот кум Ристо Новачевски на кого судија на претходна постпка му одреди триесетдневен притвор a имотот односно спорните плацови се замрзнати.

„Пари кои му биле доверени во работата како претседател на една политичка партија, дел присвоил за себе. Донации од физички и правни лица не ги пријавувал во извештаите.“, изјави Вилма Рускоска,шеф на Обвинителството за организиран криминал

Истрагата која ја отвори Специјалното јавно обвинителствоја превзеде Обвинителствфото за гонење на организиран криминал а покрај Груевски и Новачевски осомничени се и Сашо Мијалков, Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Тие се товарат за перење на пари. Според обвинителството, Мијалков знаел дека парите се стекнати на криминален начин и дека потекуваат од донации но сепак комуницирал со сопственик на фирма од Белизе. Ги имал печатите и жиро сметката на нејзината фирма - ќерка, а управител станал кумот на Груевски, Ристо Новачевски. На оф шор сметката биле ставани пари а во мегувреме, фирмата ги сменила сопствениците и управителот меѓу кои биле и Камчеви и нивниот пријател Јосифовиќ

„Во периодот од октомври 2012 година до септември 2013 година средствата прибавени со кривичното дело – Затајување од чл.239 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик ги пуштил во оптек со купување на градежно земјиште на Водно. Второосомничениот, иако знаел дека паричните средства се прибавени со кривично дело, стапил во контакт со сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе и побарал документацијата, печатите и жиросметката да му бидат дадени на располагање. Во јули 2012 година била основана фирма – ќерка во Скопје на која, по претходен договор со првоосомничениот, станал управител третоосомничениот. На сметката на правното лице во повеќе наврати биле пуштени во оптек средствата прибавени со кривично дело. По постигнување на согласност за купопродажната цена, третоосомничениот во својство на управител на правното лице извршил плаќање кон сопствениците на земјиштето, со што бил прикриен изворот на парите и вистинскиот сопственик на земјиштето со вкупна површина од 11.000м2“, стои во официјалното соопштение на Обвинителството.

Плацовите на Водо станаа актуелни откако во 2015 година тогашната опозициска СДСМ, објави еден од нелегално прислушуваните разговори, меѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во кој се разговара токму за овие плацеви.

„Знаеш што може да се направи, да се дигне потпорен ѕид за да не се гледа одоздола. Ќе гледаат во ѕид. Тоа ми текна. Едно 6-7 метри потпорен ѕид“, вели Груевски во разговорот.

За Мијалков, Камчеви и Јосифовиќ обвинителството не бараше никакви мерки бидејќи за нив веќе важат мерките за претпазловост кои им се изречени во предметот „Империја“ каде што исто така се осомничени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG