Линкови за пристапност

Историчарите без договор околу Гоце Делчев


Македонскиот јазик не е предмет на дебата за историчарите. Политичарите наметнаа притисок врз работата на Комисијата и нивните рокови не важат за нас, децидни се историчарите

СКОПЈЕ - Дводневниот состанок без резултати. Претседателите на Комисијата со различни ставови по дводневната дебата. За Ѓорѓиев има напредок додека шефот на бугарскиот тим, Ангел Димитров, го окарактеризира како „ обачно, со малку дожд и малку сонце“.

„ Има мали поместувања кон напред и за мене тоа е важно во моментов. Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми кои се на маса. Молам за трпение и поголема ематија и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите“, изјави Драги Ѓоргиев копретседател на Комисијата.

Македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во работата и нема постигнаадоговор околу ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Неговиот идентитет е сопката за мешовитата комисија. Сега на маса се нови предлози и идеји за кои допрва ќе се дискутира на следните состаноци. Бугарскиот тим на историчари остана на ставот дека тој се определил како Бугар што е неприфатливо за македонски историчари.

„Идентитетот на Гоце Делчев го определува тој самиот, а не ние. Тој е таков, каков што е. Тој е таков какво што е неговото семејство, средината во која е формиран како личност. Тоа е идентичноста“,изјави Димитров.

Двајцата претседатели на Комисијата се оградија од изјавите на политичарите во двете држави, дека наметнатите рокови не важат за нив бидејќи тие водат научна дебата и дека фактот што работата на Комисијата се става на врвот од исполнувањето на Договорот за доборсоседство ја отежнува нивната работа.

„Во тој договор има многу други членови кои треба да се исполнат и се надевам дека тоа ќе ја релаксира нашата работа“, изјави Ѓорѓиев.

Бугарскиот политички врв соопшти дека чека одоговор од нивниот шеф во Комисијата околу еветуалниот напредок и дека тоа ќе влија околу конечната одлука за поддршка за отаварње на преговорите со ЕУ.

„Ќе ми биде многу тешко да дадам позитивен одговор, ќе го кажам тоа што се случи, а оценката ќе биде на луѓето кои што очекуваат да разберат што се случува. Ќе повторамдури и за малку да се појавило сонце, тоа е добра надеж дека можеме да продолжиме напред со работата“, рече Димитров.

Ѓорѓиев и Димитров беа децидни дека на средбата воопшто не се дискутирало околу јазикот и дека тоа е работа на лингвистите а не на историчарите.

Во дводневната сесија на Комисијатасе дискутирало и околу содржината во учебниците по историја.

Сердбата на Комисијата бее во фокусот на јавноста и на политичарите.

„Ние сме меѓусебно историски поврзани како регион и таа врска од минатото треба да нѐ направи пријатели, а не да нѐ разделува.Ќе видиме како денеска ќе помина преговорите на Комисијата, веројатно потоа ќе соопштат за тоа како поминала средбата. Јас сум убеден дека ќе најдеме решение. Да не постоеше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да биде мост меѓу Северна Македонија и Бугарија. Да покажеме малку дека сме Европејци“, рече Заев.

За бугарскиот претседател Румен Радев нема компромиси.

„Членовите на бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и за Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик“, рече Радев.

Десеттата средба на Комисијата за историски прашања се одржа во тензичен период по неколкуте потези на официјална Софија како декларацијата на Бугарската академија на науки според која македонскиот јазик е норма на бугарскиот, меморандумот на официјална Софија до ЕУ, изјавите дека Македонија е вештачка дрѓава и творба на Титои ставовите на бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева ивицепремиерот Каракачанов.

Комисијата продолжува со работа.До крајот на годината е договорен уште еден состанок кој ќе се одрѓи во Софија и дополнителни пт во текот на идната.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG