Линкови за пристапност

За десет дена Сенатот треба да гласа за новата судијка во Врховниот суд на САД


Расправата во сенатската комисија за правосудство продолжува во понеделник, а гласањето на целиот Сенат е закажно за 26 октомври.

Судијката Ејми Кони Барет, изборот на претседателот Доналд Трамп за испразнетото место во Врховниот суд, го помина првиот дел од потврдувањето на нејзината функција. Во четири маратонски денови на сослушување таа ги избегна прашањата за тоа како ќе одлучува за прашања како абортусот, изборите и правото за поседување на оружје.

„Нема да седам на страна и да гледам како го уништувате нашиот предлог откако покажавте почит кон два кандидати од Демократската Партија. Тоа не е во ред“ рече сенаторката Линдзи Грахам од Републиканската Партија пред сенатската комисија.

Демократите се противат на номинацијата на само неколку недели пред претседателските избори.

„Оваа номинација е во невообичаено време, тоа не е нормално и ова е под достоинството на овој комитет. Треба да работиме според правилата“ рече сенаторот Дик Дурбин од Демократската Партија.

Во првите два дена од маратонското сослушување Ејми Кони Барет не даде одговор како би одлучувала во случаи кои засегаат милиони Американци.

„Не можам да откривам позиции за политиките или да изразувам лични ставови пред комитетот зашто моите лични погледни нема да влијаат на тоа како одлучувам во конкретните случаи“ рече Барет.

Таа беше фалена од Републиканците за нејзината правна филозофија и критикувана од Демократите кои велат дека доколку ја добие функцијата Барет ќе го има одлучувачкиот глас за случајот за здравствено осигурување познат како Обомакер кој наскоро треба да се појави пред судот.

Но, Судот можеби најпрво ќе треба да одлучува за оспорени изборни резултати особено за милионите гласачки ливчиња испратени по пошта.

Анкетите покажуваат дека мало мнозинство смета дека номинацијата треба да го почека завршувањето на изборите во ноември, но како што јавноста дозна повеќе за Барет, мајка на седум деца и посветен католик, поддршката за неа порасна.

Расправата во сенатската комисија за правосудство продолжува во понеделник, а гласањето на целиот Сенат е закажно за 26 октомври.

XS
SM
MD
LG