Линкови за пристапност

Со законски измени до нови рестриктивни мерки – на потег е Собранието


Со законски измени до нови рестриктивни мерки – на потег е Собранието
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Со законски измени до нови рестриктивни мерки – на потег е Собранието

За имплементација на препораките на Комисијата за заразни болести кои ги прифати и Владата неопходни се измени во законот за заштита на населението од заразни болести.

Огромниот раст на новозаразени и тенденцијата на натамошно зголемување на инфицирани од Ковид-19 резултира со нови рестриктивни мерки за граѓаните - задолжително носење маски на отворено и во затворени јавни објекти, забрана за поголеми групирања во домови за семејни прослави и слави, забрана за собирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22:00 часот. Но, за имплементација на овие препораки на Комисијата за заразни болести кои ги прифати и Владата неопходни се измени во законот за заштита на населението од заразни болести. Владата веќе се обратила до Собранието за забрзување на законската процедура.

Побаравме од пратеничките групи да интервенираат со амандман
Зоран Заев, претседател на Владата

„Побаравме од пратеничките групи да интервенираат со амандман затоа што тоа можат да го направат и се согласиле на тоа и со самата интервенција на амандманот се отвора можноста мерките кои се последна препорака на Комисијата здравствена заштита да бидат имплементирани. Верувам дека до крајот на месецот може да се направи таа измена“ изјави премиерот Зоран Заев.

Сега, на потег е парламентот зашто очекувањата се дека овие законски измени ќе придонесат за намалување на бројот на заболени кој во овој период „експлодираше“. Опозицијата бара други мерки.

Најитна мерка е Венко Филипе да си поднесе оставка
Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ

„Жалам што сме исклучени од работата на Комисијата за заразни болести и од политиките на министертсвото за здравство. Сметам дека најитна мерка е Венко Филипе да си поднесе оставка“ вели Дафина Стојаноска, координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Болничките капацитетите се речиси веќе полни, а кај медицинскиот персонал се чусвтсвува замор. Затоа, веќе се разгледува можноста студенти од медицинскиот факултет, кои се при крај со студиите, да се вклучат во справувањето со коронавирусот. Но, и покрај алармантната ситуација, надлежните уверуваат дека здравствениот систем е стабилен.

„Здравствениот систем сигурно нема да колабира, имаме обезбедено болнички капацитети за сите. Лекарите, медицинските сестри и целиот здравствен персонал се максимално посветени, полицијата и инспекциските служби си ја вршат работата, а најголема помош ни се граѓаните. Ако навистина ги почитуваме мерките, можеме многу да им помогнеме на лекарите кои ви потврдувам дека се истоштени и изморени. Заради своето здравје, здравјето на нашите родители, пријатели и роднини апелирам да ги почитуваме мерките, а здравствениот систем сигурно ќе се снајде“ рече премиерот Заев.

XS
SM
MD
LG